недела, 22 ноември 2026
Најново

Го чекал крајот на концертот за да убие што повеќе луѓе

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полицијата наводно го идентификувала напаѓачот, но се уште не е објавено за кого станува збор. Во меѓувреме уапсен е 23 годишно момче за кое има сомнение дека е вмешано во нападот.
 На четвртата годишница од атентатот на британскиот војник Ли Ригби, бомбаш самоубиец се разнесе на концерт во Манчестер. Загинаа најмалку 22 луѓе. Полицијата потврди дека помеѓу загинатите има и деца. На концертот на Ариана Гранде, главно имало деца и тинејџери. Десетици се ранети, некои од нив и тешко.
Полицијата наводно го идентификувала напаѓачот, но се уште не е објавено за кого станува збор. Во меѓувреме уапсено е 23 годишно момче за кое има сомнение дека е вмешано во нападот. На концертот според проценките имало 21.000 луѓе. После нападот завладеала паника и хаос.
Се претпоставува дека напаѓалот намерно го чекал крајот на концертот за луѓето во голем број да почнат да ја напуштаат салата, значи моментот во кој сигурносните мерки биле значително послаби.На четвртата годишница од атентатот на британскиот војник Ли Ригби, бомбаш самоубиец се разнесе на концерт во Манчестер. Загинаа најмалку 22 луѓе.

Поврзани вести