Од освојувач на две Златни топки до уличар во Рио де Жанеиро. Беше ѕвезда на бразилската репрезентација и бројни европски клубови, но Адриано Леито Рибеиро денес е член на локалните банди во родниот град.Неговата кариера на 34 години веќе е завршена. Неколку години го нема на позначајна фудбалска сцена, далеку е од светлата на рефлекторите и од големите европски натпревари. Далеку е од игрите од средината на минатата деценија кога беше најдобар стрелец на Копа Америка со седум погодоци во 2004 година и Купот на Конфедерации една година покасно со два погодоци помолку и кога беше еден од најдобрите напаѓачи на светот.
Последен поголем клуб, или барем поголем европски клуб, за кој што настапуваше беше Рома од која си замина во 2011 година. Се жалеше поради носталгија за Бразил. Се врати во својата татковина, но не постигна ништо.
Последен клуб за кој што настапуваше беше американскиот Мајами Јунајтед, но клубот го раскина договорот со него пред два месеци.
„Неговото семејство сакаше да го напушти Бразил како и сите непогодности кои таму ги имаат. Ние ќе се погрижиме за него и среќни сме што потпиша за нас“ – изјавија од клубот, но само неколку месеци подоцна го раскинаа договорот.
Американците беа разочарани бидејќи Адриано не постигна ниту еден погодок, а семејството на фудбалерот повторно се плаши поради неговиот животен стил.
Прославениот фудбалер живее во фавелите, каде го заштитуваат луѓе од локалната банда под името „Црвена команда“, одговорна за илјадници загубени животи на луѓе и се многу активни во производството на дрога.
Самиот фудбалер беше обвинет за дилање дрога и возење во пијана состојба, но не беше лишен од слобода. На социјалните мрежи може да се забележат објави само од неговата нова фризура, фотографии со оружје и многу други работи.
Не размислува за враќање во фудбалските води, а славните денови поминати во клубови како Интер, Фиорентина или Парма се минато за човек кој можеше на сосем друг начин да ја заврши својата кариера.Неговата кариера на 34 години веќе е завршена. Неколку години го нема на позначајна фудбалска сцена, далеку е од светлата на рефлекторите и од голе