Дури ни 53. годишнина од катастрофалниот земјотрес во Скопје по кој над 1000 луѓе ги загубија животите, а повеќе од 3000 беа повредени, не ги запре устите на опозиционерите уште еднаш да вмешаат политика и да го свртат вниманието кон наводните проблеми во македонското општество.Секоја чест за детално изработениот урбанистички план на Кензо Танге и неговата визија за изгледот на Скопје, но изгледа дека по повеќе од половина век се јавија „експерти“ на кои драстично сменетиот изглед на градот им боде очи.
Истите овие „експерти“ да живееја во времето на изградбата на Ајфеловата кула, голема е шансата дека ќе припаѓаа на поголемата група луѓе коишто со негодувале и со сите сили се обидувале да ја спречат релизацијата на проектот.
Кулата во почетокот била лошо прифатена од јавноста, многу ја нарекувале непријатна за око. Денес таа се смета за една од најпрепознатливите градби во светот. Милиони луѓе од светот доаѓаат за да ја посетат и да уживаат во нејзината необичност, што претставува победа над злите јазици.
Проектот „Скопје 2014“ доживува слична судбина. Колку и на некои да им се допаѓа да живеат во минатото и на готово да дојдат на власт за да греат фотелји, треба да се работи напорно за да се задржи статусот и пред сѐ, образот.
Урбанистичкиот план на Скопје не беше сменет ни минимални 0,5% во времето на СДСМ. Тогаш беше приоритет да се ставаат фабрики под стечај, да се краде од џебовите на чесните граѓани, да се дава имунитет на криминалците да хараат по улиците.
Денес, во иднината на ново Скопје, Скопје кое станува забележано на светската мапа, градот кој конечно му покажа на светот дека има понуда за посетителите од сите возрасти, сѐ уште има малодушни плукачи и оспорувачи на урбанизацијата на градот.
Но, да биде јасна една работа: Како и Ајфеловата кула, „Скопје 2014“ стана препознатлив симбол за новиот и урбан дух на градот, а неговата софистицираност пркоси на примитивизмот на злите јазици.
Градот ќе остане запаметен по убавината и раскошот. Ќе го паметат луѓе коишто ја ценат убавината и вредноста. По што ќе бидат запаметени плукачите – заробениците во сенката на минатото?
Секоја чест за детално изработениот урбанистички план на Кензо Танге и неговата визија за изгледот на Скопје, но изгледа дека по повеќе од половина