Ѝ го грабнала бебето од болница и 18 години ја одгледувала како своја ќерка

Ќерката на  Целест Нурс била грабната три дена по породувањето. Мајката  со години го барала своето бебе, а потоа сфатила дека оди  со  нејзината ќерка во училиште и дека се најдобри пријателки Целест Нурс (37) од Јужноафриканска Република се соочила на суд со жена која пред 19 години ѝ ја грабнала ќерката  Зепани. Му раскажала на судот како  лежела во ревет три дена по царски рез. Во собата влегла облечена како медицинска сестра. Бебето плачело  па жената ја прашала Целест дали може да го земеме бебето. Подоцна во  собата влегла вистинската медицинска сестра и ја прашала каде е нејзината ќерка.
Шокираната Целест заедно со медицинската сестра ја пребарала целата болница. Бебето не го нашле. Тоа било во 1997 година. Целест во меѓувреме родила  три деца. Се развела, го победила ракот и повторно се омажила. Зепани никогаш не ја заборавила. Ја барала и секоја година го славела нејзиниот роденден.

Во 2009 година примила повик. Жената барала да ѝ даде 33.000 долари за информација за Зепани. Целест договорила состанок со жената  и  ја известила полицијата за се. Но жената која ја побарала никогаш не дошла на состанокот.
„Никогаш не изгубив надеж. Знаев дека моето дете е таму некаде и дека ќе го најдам и дека ќе го вратам дома“, рекла Целест во 2010 година. Нејзината ќерка кеседи  одела на училиште со  девојка која била многу слична на неа. Станале и најдобри пријателки. Дури и живееле во близина. Целест  се посомневала дека таа девојка би можела да биде нејзината Зепани.

 
Девојката ја повикале и ја прашале кога е родена. Целест истражувала и  кога собрала доволно податоци за девојката се обратила до властите и барала ДНК тест  кој минатата година покажал дека девојката навистина е Зепани.
Жената која се грижела за девојката сега е на суд. Таа тврди дека ја посвоила бидејќи не можела да забремени. Кажала и дека при посвојувањето ѝ било кажано дека мајката се одкажала од детето. Но влсатите се сомневаат дека жената ја грабнала Зепани од болница.
 Целест Нурс (37) од Јужноафриканска Република се соочила на суд со жена која пред 19 години ѝ ја грабнала ќерката  Зепани. Му раскажала

Пронајдете не на следниве мрежи: