Го исфрлила момчето од заедничкиот кревет бидејќи грчел: „Утрото го најдов мртов!“

Мислејќи дека не станува збор за нешто сериозно, 25-годишната Лиза Ли од Нортамберленд го исфрлила своето момче од заедничкиот кревет бидејќи ѝ сметало неговото грчење.За жал, тоа бил последниот пат кога го видела жив.
-Додека спиевме мислев дека грчи и затоа му реков да се премести во дневната. Кога станав и видов дека перницата му е целата мокра, сфатив дека нешто не е во ред. Тој веќе беше мртов. Веднаш повикав Итна помош, но тие само констатираа смрт, изјавила Лиза.
Докторите ѝ објасниле дека нејзиното момче Луис Литл пати од ретка срцева болест која се вика Бругада синдром, кој ја нарушува работата на срцето. Кобната ноќ, она што девојката мислела дека е грчење, всушност бил звукот на воздухот кој го напуштал неговото тело и минува низ гласните жици.
-Подоцна дознав дека не било грчење, а да имал дефибрилатор, би останал жив. Сакам луѓето кои го имаат истиот проблем да бидат свесни за него и да знаат што треба да направат за да си помогнат. Синдромот е тивок убиец и сакам да ја подигнам свеста за овој проблем, завршила Лиза.
Инаку, Бругада синдромот е ретка, но и тоа како сериозна состојба која може да доведе до ненормално брз срцев ритам кој може да предизвика несвестица. Овој синдром е најчестата причина за изненадените срцеви удари кај младите затоа што тешко се дијагностицира.
Откако минала низ трагичната смрт на светото момче, Лиза покренала петиција за луѓето кои патат од овој редок синдром, да им се обезбеди вградување на внатрешен дефибрилатор кој го активира срцето откако ќе застане.За жал, тоа бил последниот пат кога го видела жив.
-Додека спиевме мислев дека грчи и затоа му реков да се премести во дневната. Кога стана

Пронајдете не на следниве мрежи: