Сандра Булок била шокирана од фактот дека постојат луѓе кои не мислат дека таа е убава …Холивудската актерка го гуглала своето име на интернет и се шокирала кога прочитала многу негативни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
„Се гледа дека ги поминала 40-тите, просечна актерка е, не е атрактивна… се само некои од коментарите кои ги прочитав. Искрено, тоа не беше пријатно за читање, но ми е јасно дека не може секој да ме сака”, изјавила таа.
Актерката, исто така ги советувала своите колеги да не го гуглаат своето име.
„Од сопствено искуство, ви препорачувам тоа да не го правите. Нема ништо полошо од тоа кога ќе прочитате такви коментари за себе”, заклучува таа.Холивудската актерка го гуглала своето име на интернет и се шокирала кога прочитала многу негативни коментари на сметка на нејзиниот изглед.



