Вистинските луѓе и добротвори се познаваат само во кризни и необични ситуации како што е оваа.Двајца луѓе се знаеле дури пет години, од кои четири биле во врска. Се запознале откако таа дошла од Источна Европа на студии во Америка, а веднаш штом се запишала на факултет се преселила кај него.
Планирале свадба и сѐ било совршено.
Месец дена пред да се венчаат, дознале дека таа е бремена и биле малку изненадени бидејќи генерално воделе сметка, но не ја исклучиле можноста дека сепак може да дојде до грешка.
Секако, биле среќни и продолжиле да ја планираат свадбата.
Меѓутоа, работите се смениле по свадбата. Таа почнала да се однесува чудно и дистанцирано, сѐ до денот кога му признала дека детето можеби не е негово. Цело време плачела и му се извинувала, уверувајќи го дека го сака и тој ѝ поверувал.
Се испоставило дека еднаш излегла со пријателките на забава, се напила и спиела со непознат маж. Дури не ни знаела како се вика, а едвај се сеќавала и како изгледал. Му кажала дека секој ден се кае за тоа што го сторила.
Тој побарал да направат тест за татковство и таа се согласила. Го молела да ѝ вети дека ќе останат заедно ако се испостави дека бебето е негово, па на крај попуштил и ѝ ветил. Му кажала дека сето тоа го раскажала затоа што го сака и затоа што би знаела дека тој би можел да ѝ прости. Тестот не бил евтин и на крајот се испоставило дека тој не е таткото.
Дел од него ја сакаше и знаеше дека и таа го сака него, а другиот не можеше да поднесе сѐ што му се случи.
Отишол во црква за да размисли за сѐ и долго му се молел на Бога за помош, додека во еден момент не му пришле постари луѓе и го прашале што го мачи. Почнал да плаче и сѐ им раскажал. Мажот и жената му кажале дека треба да ѝ прости и да го прифати детето ако навистина ја сака. Исто така, му кажале дека треба да биде силен и да биде покрај неа бидејќи сега ѝ е најпотребен.
Размислувал за советите на овој прекрасен пар и одеднаш почувствувал дека го обзема внатрешен мир. Оттогаш поминале неколку години и тој сега е во среќен брак и е татко на прекрасно девојче кое наскоро тргнува во градинка.Двајца луѓе се знаеле дури пет години, од кои четири биле во врска. Се запознале откако таа дошла од Источна Европа на студии во Америка, а веднаш



