Секоја среда наутро ги облекувам децата, а потоа се средувам. Претходната ноќ ставам маска на лицето, ја депилирам бикини линијата, а наутро ги бричам нозете и ставам лосион без мирис. Томица не сака да користам никакви мириси за неговата жена да не се посомнева.Прв пат го изневерив сопругот пред една година. Една моја другарка славеше момачка вечер во клуб со потесниот круг на пријатели. Имаше многу алкохол. Во еден момент сфатив дека ме посматра еден многу згоден и млад фраер. Ми пријде и по таа вечер се видовме уште неколку пати. Страшно ми е да признаам колку малку вина чувствував додека се гледав со него. Би умрела од тага ако моите деца дознаат што правам. Тоа беше непланиран ризик, но сеедно, продолжив да се гледам со него. Момчето од клубот беше иницијаторот, но јас спремно ја прифатив „играта“, се исповеда една читателка, и продолжува:
Во брак сум 7 години и имам две деца. Ми се чини дека јас и сопругот целосно се исклучивме од нашиот брак. Нема веќе секс, а не се ни сеќавам кога последен пат сме се гушнале и бакнале. Не се ни држиме за рака. Единствено нешто за кое што разговараме е дали треба нешто да се среди околу куќата и кој ќе го изнесе ѓубрето, односно минимална секојдневна конверзација. Неколку пати се обидов да го предупредам на тоа, да кажам дека ми треба повеќе внимание, но ништо не се менува, а јас сум уморна од барање внимание. Освен тоа, тој и физички многу се запушти.
Кога пријателката ми кажа за една страница на која мажени жени и оженети мажи бараат забава на страна, направив профил во истиот ден. Така го запознав Томица, човекот со кој веќе со месеци имам секс еднаш неделно. Има 35 години, женет е, има три деца, вели дека неговата жена не ужива во сексот и дека постојано му приговара.
„Патиме заради децата“
Мислам дека и јас и Томица би требало да се разведеме: Не за да бидеме заедно, туку зашто целата ситуација е смешна. Но, останавме во брак заради децата. Со сопругот имаме и заеднички приватен бизнис, што дополнително не врзува. Но, зборот развод полека почнува да се појавува во нашите разговори. Секоја среда додека децата ми се во училиште, поминувам некое време со Томица. Се наоѓаме во хотел што е на половина патд неговото работно место до мојата куќа. Користиме месинџер за да се договараме, и веднаш потоа ја бришам историјата. Во текот на неделата му праќам слика во туш или на кревет, или слика од моите гради, за да биде во исчекување. Обожувам да го правам тоа, а особено ако е на состанок: Не е фер кон него, но интересно ми е.
Секоја среда наутро ги облекувам децата, а потоа се средувам. Претходната ноќ ставам маска на лицето, ја депилирам бикини линијата, а наутро ги бричам нозете и ставам лосион без мирис. Томица не сака да користам никакви мириси за неговата жена да не се посомнева.
Децата ги оставам на училиште, се јавувам на сопругот и измислувам дека имам некакви обврски. Тој никогаш нема поставено дополнителни прашања. Томица секогаш прв доаѓа во хотелот и плаќа во готово. Ми праќа СМС со бројот на хотелот и стои пред вратата чекајќи да ме соблече во истиот момент кога ќе влезам.
Не користиме кондоми бидејќи сум на пилули, а за него сум сигурна дека нема никаква сексуално пренослива болест. Чекањето на средите е многу напорно и за двајцата, па сексот може да биде жесток, па дури и груб-со повремено плескање по задникот, па и повеќе. Затоа се грижиме ноктите да ни бидат кратки. Се случувало да дојдам дома со црвени гребаници кај задникот. Да ме откриеше мажот, ќе лажев и ќе обвинев некоја пријателка.
По сексот, во креветот отвораме шише вино и гледаме клипови на Јутуб. Интересно-ги гледавме и моите и неговите деца, кои нас не имаат снимено со мобилен. Иако звучи чудно, имаме разговарано и за сопружниците. Често и го повторуваме сексот: На маса, на кревет, во бањата..
Ритуалот за разделба е неговото туширање и јадење портокали. Вели дека му ги поништува сите мириси на кожата и усните. Мене не ми требаат такви ритуали, сопругот ми е толку незаинтересиран што воопшто не може да се сети како мирисам. Си одиме дома, а потоа со порака и кажувам на пријателката дека се е во ред. Томица понекогаш ми праќа порака дека се е во ред, дека било супер, дека едвај ја чека следната средба…
Никој не го забележува тоа, но ми се чини дека во среда навечер сум поопуштена и пољубезна. Во кревет одам целосно исцрпена. Веќе некое време маж ми спие во другата соба и ужасно ‘рчи. Понекогаш од кревет испраќам порака на Томица но само кога сум сигурна дека нема опасност, односно дека жена му не е дома.Прв пат го изневерив сопругот пред една година. Една моја другарка славеше момачка вечер во клуб со потесниот круг на пријатели. Имаше многу алкохо