И покрај бројните предупредувања од експертите за безбедност, луѓето и понатаму најчесто се одлучуваат за броеви кои најлесно ги паметат.Ако 1234 е вашиот личен идентификациски број, односно ПИН кој го користите за платежни картички или мобилни телефони, морате задолжително да го промените.
Со хакираните и објавените бази на податоци кои содржат ПИН код, утврдено е дека и понатаму најпопуларна комбинација е 1234, а потоа следи 1111, пишува ”Independent”.
Популарни се и 0000,7777, 1004, 4444, 2222 и 6969.
Затоа ако сами сте го избрале или банката ви доделила некои од овие ПИН кодови, посебно 1234 или 1111, веднаш сменете го.
Десет најмалку користени комбинации на броеви се 8957, 9480, 6793, 8398, 0738, 7637, 6835, 9629, 8093 и 8068. Сепак сега кога знаете кои се најнепопуларни броеви не би требало својот ПИН код да го промените во некое од тие комбинации, бидејќи тоа повторно ја зголемува можноста луѓето да го погодат вашиот ПИН код.
За избор на броеви за ПИН код не се препорачуваат ни датумот на раѓање или венчање или некој сличен датум кој можат да го поврзат со вас и да помислат дека ќе го користите како ПИН код.
Ако 1234 е вашиот личен идентификациски број, односно ПИН кој го користите за платежни картички или мобилни телефони, морате задолжително да