Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси, констатираше состојба на судир на интереси кај лицето Љубомир Јосифовски поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси.Јосифовски, покрај функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија, како што беше наведено во соопштението од ДКСК, ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за обработка на податоци, хостирање и слични дејности „ИНФОГРУП“ ДОО Скопје.
Во соопштението до јавноста беше наведено следново:
– Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23, став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува.
Љубомир Јосифовски не постапил по барањето на Државната комисија, поради што Државната комисија за спречување на корупцијата донела одлука на ова лице да му изрече мерка „јавна опомена“ која беше објавена во медиумите.
Кога луѓе коишто се занимаваат со незаконски дејствија, зборуваат за режими и криминал, не може, а да не се наметне прашањето што би правеле кога би дошле на власт?
Друга работа е што и неговиот сопартиец од НСДП, Тито Петковски, се заложуваше за промена на името на Македонија.
Значи, имаме партија со членови кои работат против македонските интереси, а се појавуваат во дебатни емисии за да шират лаги дека се борат за доброто на државата?
Уште една група одработувачи за свои интереси!Јосифовски, покрај функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија, како што беше наведено во соопштението од ДКСК, ја извршува и функциј