Ретка, силна птица со црни перја предизвикала големо внимание кај населението и посетителите на кањоњот со три вештачки езера.Белоглавите мршојадци од колонијата во кањоњот кај Нова Варошлија повторно го добија својот орел старешина, ретка врста на црн лешинар која пред 120 години исчезнала од овие простори.
Црниот орел сеуште не се знае од каде долетал, а деновите ги поминува во друштвото на браќата белоглави мршојадци. Среќниците кои успеале да го уловат со фотоапарат кажуваат дека сеуште е главен во друштвото орли и дека им командува на птиците од јатото, како и дека некои веќе го нарекуваат „командант“.
„Тој пробива и јаде кожа најчесто на лешови на мртви животни. “- кажува Дарко Чировиќ, советник во Специјалниот резерват на природата „Увац“.
„Црниот лешинар кој исчезна од овие простори пред околу 120 години, е виден неколку пати претходно, а оваа пролет е фотографиран и на Златибор. Значително е покрупен од белоглавиот мршојадец па затоа и со право го викаат старешина на мршојадците. Достигнува тежина од 13-14 кг и има крила широки од 3,2 до 3,4 метри- објаснува Чировиќ.
Белоглавите мршојадци од колонијата во кањоњот кај Нова Варошлија повторно го добија својот орел старешина, ретка врста на црн лешинар која пред 12



