Го нашол на Фејсбук и му се извинил бидејќи пред 35 години му украл карта за автобус

Преку социјалната мрежа Фејсбук, еен британец успеал да го најде човекот на кој пред цели 35 години му украл карта за автобус, и ја искористил приликата за да му се извини.„Веројатно не се сеќаваш на ова, но еднаш одамна се качив на скалилата во Музејот по природна историја обидувајќи се да изгледам како жестоко момче и видов како стоиш на врвот на скалилата. Ти пријдов и ти ја украдов пропусницата за автобус. Поради некоја причина во близина имаше полицаец во цивилна облека кој ме уапси на лице место. Мојот татко мораше да излезе од работа за да дојде по мене, бидејќи во тоа време бев малолетен.  Малку е да се каже дека не беше задоволен од мојата постапка. Никогаш не го заборавив тој инцидент ниту твоето име. Тоа на некој начин ме прогонуваше цел живот, а потоа на Фејсбук прочитав за затворањето на мојата омилена пекарница. Таму го видов твојот коментар. Пишуваше за солените гевреци.
Конечно може да ти кажам дека многу ми е жал што си морал да пројдеш низ таква ситуација. Би сакал тоа да не се случеше. Се обидов да импресионирам некое момче кое не ми веруваше дека сум член на некоја банда. Прилично е глупаво ова, зарем не? Уште еднаш, многу ми е жал што тогаш ти ја украдов пропусницата за автобус. Прости ми и благодарам што ја прочита ова чудна и долга порака. Мир и љубов за тебе брату мој!“.

Човекот на кој му припаѓала картата за автобус му одговорил на Британецот кој искрено се покајал за делото кое го направил: – „Очигледно е дека денес си „голем човек“. Помнењето е чудна работа, јас истотака го препознавам твоето име и го прифаќам извинувањето. Интересно е што голем дел од животот го поминав помагајќи им на луѓето  да бидат она што сакале. Моменти како овој ме убедуваат дека таа битка носи награда. Сега сето  тоа е зад нас.“„Веројатно не се сеќаваш на ова, но еднаш одамна се качив на скалилата во Музејот по природна историја обидувајќи се да изгледам како жестоко

Пронајдете не на следниве мрежи: