„Го натераа да ме силува на ливада, тие гледаа и се смееја“

Судењето за силување кое се случило во 1992 во логорот „Uzamnica” започнува на подрачјето на Вишеград…-Мажот го внесоа, а мене ми рекоа да седам, подоцна ми рекоа да одам дома со детето, а мојот маж никогаш не се врати раскажува С 3(заштитен сведок). По 15 дена, војската започнала да го пали селото, а неа и детето ги однеле во дом каде се криеле еден месец.
Потоа, како што вели одвредена е во логорот додека нејзината ќерка останала во домот. С3 навела дека била сместена во хангар со мажи но биле доведени и други жени, со кои подоцна е одвоена во други простории. А додала дека стражарите Мичо и Горан ја изнесување неа и Сена надвор од хангарот. 

 
-Неа како што вели ја изнесувале со Шабан и Адем, за да ја силуваат. Додека ја силувале цела војска гледала и се смеела. Додала дека таа била силувана само од Шабан а во непосредна близина можела да види дека ја силуваат и Сена.
Обвинителството во БиХ го обвинува Горан Поповиќ кој како стражал во логорот учествувал во злоставувањето/ 
Во септември 1994 години С 3 била пуштена а потоа ја пронашла и својата ќерка во Србија. 
Судењето за овој случај се уште трае а на 27- ми август се очекува да има пресуда. -Мажот го внесоа, а мене ми рекоа да седам, подоцна ми рекоа да одам дома со детето, а мојот маж никогаш не се врати раскажува С 3(заштитен сведок)

Пронајдете не на следниве мрежи: