Џес Бејли ниту не успеа да му се изнарадува во живо на производот од неговата “невозможна мисија“ во Македонија. Му честита во живо на Џафери, но не успеа на Заев.Најнова вест е дека Џес Бејли повеќе не е амбасадор на САД во Македонија, место него“Невозможната мисија“ во Македонија треба да ја продолжат Заев и Џафери. До кога, ќе покаже времето.
Но, она што е најважно, на службената интернет страница на Американската амабсада во Македонија, се појави коментар на новиот вршител на должноста амбасадор на САД Микаела Швајцер-Блум.
Новиот вршител на должноста амбасадор на САД Микаела Швајцер-Блум за мандатот за формирање влада, веројатно ги пренесува желбите на Џес Бејли “Одлична работа за Македонија и за граѓаните на Македонија е што процесот на формирање на влада се движи кон наредна фаза, а на повидок е формирање на нова влада. Исто така, важно е да се истакне дека претседателот Иванов и лидерите на партиите од коалициското мнозинство најдоа начин да соработуваат на конструктивен начин и да стигнат на ова позитивно место за граѓаните на Македонија. Очекуваме дека по формирањето на новата влада ќе соработуваме со истата; се надеваме дека ќе се формира брзо. Уште многу работа треба да се направи за Македонија да може да се придвижи напред кон итните реформи и да оствари напредок на патот кон Евро-атланстката заедница. Соединетите Држави остануваат пријател и партнер на Македонија, и се надеваме дека ќе соработуваме со новата влада во поддршка на тие реформи и на тој напредок.“
Се’ уште останува дилемата, во кое својство во Македонија престојуваше Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји при неговата последна посета на 1 мај 2017 година, што беше решавачко за пресвртот кај ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Ѓорге Иванов?
Викторија Нуланд помошник-државен секретар за европски прашања која беше активна во врска со Пржинскиот договор, си даде оставка на функцијата на 24 јануари 2017 година.
Марк Тонер, портпаролот на Стејт Департментот кој во неколку наврати застануваше во одбрана на амбасадорот Џес Бејли, по обвинувањата за мешање во земјава и помагање на невладините на Сорос, беше сменет од функцијата на 25 април 2017 година.
Времето ќе покаже кој ќе го наследи Хојт Брајан Ји? Но, последиците ќе ги трпиме сите…
Извор:Инфомах.мкНајнова вест е дека Џес Бејли повеќе не е амбасадор на САД во Македонија, место него“Невозможната мисија“ во Македонија треба да ја про