Го обвиниле дека е терорист, а само што не се онесвестиле кога ја слушнале вистината

Студентот по политички науки Каирулден Макзоми бил исфрлен од авион кој летал од Лос  Анџелес  бидејќи мислеле дека е бомбаш и тоа затоа што зборува на арапски јазик.Ирански студент по политички науки кој студира на Беркли, наводно  бил спречен од ави компанија да се качи на авион бидејќи една жена го пријавила, а причината за тоа било  што зборувал на арапски јазик и  со самото тоа дадол впечаток на бомбаш.
Имено, тој пред летот зборувал на телефон со својот вујко кој е во Багдад, а му раскажувал што го прашал генералниот секретар на УН Бан Ки Мун на еден собир.
Бан ки Мун држел говор на еден собир на кој присуствувал и младиот студент каде тој поставил прашање поврзано за „ирачката мобилизација на анти-зихадистички единици“. Жената која седела пред него слушнала дека студентот изговара „Shahid“, што во  превод значи- маченик. Но, тој само рекол  „inshallah “ што значи – ќе даде Бог.

 
Набрзо потоа, еден од работниците во обезбедување на аеродромот пришол до  студентот и  го замолил да тргне со него. Тој подоцна дознал и  дека ФБА го претресла неговиот багаж бидејќи мислеле дека е бомбаш, а тој поради ова малтретирање  го тужел аеродромот за исламогобија.
Обезбедувањето се распрашувало за неговото семејство, кое побегнало од Ирак  во Јордан во 2002 година, а веќе во 2010 се преселиле во САД. Макзоми во едно интервју  рекол дека неговиот татко  бил во Ирак заробен, а подоцна и убиен за време на владеењето на Садам Хусеин.
Во соопштението  кое што го објавила авио компанијата стои дека посадата морала да ги истражи тие „заканувачки коментари“, па затоа одлучиле да го одбијат неговото качување на авион додека не се испита ситуацијата.Ирански студент по политички науки кој студира на Беркли, наводно  бил спречен од ави компанија да се качи на авион бидејќи една жена го прија

Пронајдете не на следниве мрежи: