Кога станува збор за врски, луѓето ги избираат нивните значајни половини од многу различни причини. Повеќето луѓе бараат некој кој може да ги насмее, некој кој ги дели сличните вредности и ставови за битни прашања, некој со кого може да се разговара и некој кој ги прави среќни. Сепак, некои луѓе сѐ повеќе се занимаваат со површни работи, како што е сознанието колкава е заработката на потенцијалниот партнер.Во оваа приказна, која веќе подолго време кружи на интернет, една млада жена отфрла човек само врз основа на фактот дека тој не заработува доволно пари.
Подоцна во животот, тие налетуваат еден на друг, а жената – кој сѐ уште го има истиот начин на размислување, дознава нешто неверојатно во врска со човекот што го одбила…
Сиромашно момче се вљуби во ќерка на богат човек. Опиен со неговата љубов кон девојката, ја запросил. Сепак, богатата девојка подбивно го отфрлила, велејќи му:
„Твојата месечна плата е еквивалентна на моите дневни трошоци. Како очекуваш од мене да се омажам за некој како тебе? Никогаш не може да те сакам, најдобро е да ме заборавиш. Оди си и најди некоја друга да се омажи за тебе, некоја на твое ниво.“
Се разбира, тој бил повреден, но продолжил со својот живот. Околу 10 години подоцна, тие случајно налетале еден на друг во еден трговски центар.
Таа веднаш го препознала и му рекла:
„Еј, како си? Јас сум сега во брак со многу мудар човек, а неговата плата е 15.700 долари месечно! Можеш ли да го победиш тоа?“.
Тој бил видно вознемирен, но пред да ѝ одговори, дошол нејзиниот сопруг.
„Добар ден господине! Гледам зборувате жена ми!“
Човекот одговорил:
„Добар ден исто така, господине…?“
„Г-дин Картер“
Мажот потоа се свртел кон својата жена и ѝ рекол:
„Мила, би сакал да го запознаеш мојот шеф. Тој е сопственик на милионската компанија за која што работам!“
Човекот, кој бил одбиен пред 10 години, застанал и се насмевнал. Неколку моменти подоцна, тој рекол:
„Морам да одам сега. Ви посакувам сѐ најдобро во иднина и ми беше прекрасно што ве видов двајцата“.
Дамата застанала поразена и се загледала во човекот кој полека си заминувал од трговскиот центар. Потоа се свртела кон својот сопруг и му рекла:
„Тоа беше твојот шеф?“
Мажот одговорил:
„Да душо. Тој е прекрасен човек, но неговиот живот е прилично тажна приказна. Тој еднаш ми рече дека љубовта на неговиот живот го отфрлила поради тоа што не заработува доволно пари. Поради тоа, честопати работел навистина напорно и станал мултимилионер. Но, тој не можеше да се ослободи од душевната болка и сѐ уште не е во брак.
Колку среќна би била таа дама ако се омажеше за тој човек?“
Жената била шокирана од зборовите, не можејќи да изусти еден збор.Во оваа приказна, која веќе подолго време кружи на интернет, една млада жена отфрла човек само врз основа на фактот дека тој не заработува доволно



