Разгневен зашто не го добил работното место како професор, маж од американската држава Индијана наводно започнал со сериозна кампања против ривалот.Локалните власти изјавија дека Тревис Тарантс започнал со крвавата кампања против ривалот откако не го добил местото за воспитувач и тренер по баскет во основно училиште.
Па така, наместо да ги подобри квалификациите и да се обиде на друго место, Тревис го насочил гневот кон човекот кој го добил местото. Освен еден куп лажни пријави против него, Тревис им се заканувал и нему и на сопругата дека ќе ги убие.
Сепак, ваквите работи не се ништо во однос на тоа што тој го направил.
Поштарите почувствувале чуден мирис кога ги доставувале пакетите кон оние кои го одбиле и кон човекот кој го добил местото. Во нив имало мртви творови и еден ракун.
Не се знае како Тревис дошол до животните. Со пакетите имало и порака што гласела:
„Дај отказ! Нема да престанам.“
За среќа, Тревис е уапсен и обвинет по 6 точки.
Се што можеме да се запрашаме е дали ако го избереле за работното место, би бил исто волку амбициозен.Локалните власти изјавија дека Тревис Тарантс започнал со крвавата кампања против ривалот откако не го добил местото за воспитувач и тренер по баск