Го одлагате будилникот?

Доколку имате грижа на совест зошто секое утро кога ќе ви заѕвони будилникот најчесто го стискате копчето за одложување, не треба да се грижите. Тоа би можело да значи дека сте исклучително поинтелигентни, покреативни и посреќни од оние кои од кревет стануваат штом заѕвони алармот.
 Британското истражување „Зошто ноќните птици се поинтелигентни“ го поврзува одложувањето на будилникот со креативноста, интелигенцијата и слободниот дух, пишува Индипендент.
Авторите на студијата тврдат дека еволуцијата не не подготвувала за „snooze“, па според тоа интелигентните се носат со тоа на креативен начин. Спиењето од „уште пет минути“ истражувачите го поврзуваат и со интуицијата.
Ако ги слушате потребите на телото и го кршите „правилото на нашите часовници“, поголема е веројатноста дека во животот се стремите кон пронаоѓање на решение за проблемот, а тоа ве прави креативни и независни личности.Британското истражување „Зошто ноќните птици се поинтелигентни“ го поврзува одложувањето на будилникот со креативноста, интелигенцијата

Пронајдете не на следниве мрежи: