Никогаш не останувајте логирани на Фејсбук кога сте на туѓ компјутер дури и доколку се работи за ваш најдобар пријател. Азиз Хусеин од Лондон послужил како најдобар пример дека е тоа многу лоша идеја, бидејќи неговите другари заклучиле дека би било многу забавно на неговиот Фејсбук да објават дека се верил. Иако, секако, тоа не се случило. Дури кога утредента мајка му го повикала да му честита и да го праша зошто претходно не ја известил, несреќниот Азис сфатил за што се работи.
Во понеделникот Азис отишол на работа, си сварил чај и ги започнал секојдневните обврски. Но, потоа колегите почнале да му приоѓаат и да му честитаат. Потоа уследиле пораки на Вибер, мејлови и телефонски повици- зачудени и изненадени пријателите од сите страни од светот барале да му честитаат. Единствен проблем е во тоа што ни самиот Азис не занел дека се верил.
Иако тој веќе две години е во врска со Натали, се уште не го поставил тоа прашање. Единствена личност која била позбунета од него е неговата мајка.
„Ми пристигаа пораки, луѓето ме бараа, дури и ми праќаа мејлови! Вестите стигнаа до моите роднини на Кипар и во Турција, и конечно ми стигна порака од мајка ми која беше уште позбунета од мене“, вели Азис.
Но, се му станало јасно кога се вклучил на Фејсбук и го видов својот статус. Покрај романтичен колаж фотографии, стоел натписот „Добро утро. Рече да“. Оваа објава за лажна просидба добила 80 лајкови и повеќе од 70 лајкови, и сите биле пресреќни- освен Азис и Натали кои биле збунети.
Момчето прво ја прашало својата девојка да не го сторила таа тоа но и таа била подеднакво изненадена.
„Ме праша дали јас го сторив тоа, но и јас тоа го видов на Фејсбук. Искрено, сел ден се смеев за тоа. Не бев многу изненадена, бидејќи и тој самиот прави такви работи. Мислев можеби тоа е шега на моја сметка“, рекла Натали.
Азис на крајот морал на сите да им објасни дека се работело за шега.
Сега барем знае дека кога ќе се одлучи да се ожени, сите ќе бидат многу среќни поради тоа. Но прашање е дали ќе му веруваат!
И, не- Азис се уште не дознал кој му го сторил ова. Азиз Хусеин од Лондон послужил како најдобар пример дека е тоа многу лоша идеја, бидејќи неговите другари заклучиле дека би било многу



