Го оставив сопругот поради љубовта на мојот живот, но не пронајдов среќа…

Поради љубовникот го напуштила сопругот и погазила 12 години брак, но не пронашла среќа.Ова е нејзината приказна:
„Ја бркав среќата и сѐ уништив. Да ми речеше некој пред година дека на 30 години ќи бидам сама со две деца, би му рекла дека е луд.
Пред само година дена имав сѐ: прекрасни синови, убав дом, добар човек и татко на моите деца до мене.
Живеев совршено и имав мирен семеен живот. Меѓутоа, нешто недостигаше во мојот брак. Се чувствував осамено. Зошто не бев среќна?
Го запознав сопругот кога имав 17 години. Тој беше неколку години постар од мене, а јас бев магепсана од него. Имаше работа, автомобил, куќа… Беше човек на место. Се забавувавме додека студирав и по дипломирањето беше нормално да се венчаме. Тоа беше природниот тек на нештата. Имаме две прекрасни деца.
По второто дете почнав поинаку да се чувствувам. Мразев каква личност станав. Не чувствував дека сум убава, а ни задоволна. Со време станав несреќна. Копнеев по совршенство. Постојано барав потврда од сопругот дека сум убава, добра, совршена…
Меѓутоа, тоа не го добивав од него. Некаде по пат престанавме да комуницираме. Разговорите ни се сведоа на прашања за децата и нивниот развој.
Љубовта бледнееше. Бракот се распаѓаше пред моите очи.

Тогаш во мојот живот се појави Тој. Зборувавме за сѐ: деца, куќа, семејство, живот… Беше мојата сродна душа. Мојата душевна храна. Од него го добив тоа што го барав. Можеби беше разбирање, или барем така ми се чинеше. Му се допаѓаа моите тетоважи, ја делевме зависноста од кафе, имавме исти животни цели. Еден ден погледнав во него и повеќе не гледав пријател. Ја видов љубовта на мојот живот. Ме разбираше како никој досега. Ме знаеше подобро од било кој досега! Го сакав со целото битие.
Постоеше само еден проблем: Беше во брак!
Ја признавме љубовта еден кон друг и одлучив да се разведам од човекот со кого ги делевме доброто и злото 12 години. Разводот беше мирен. Без тешки зборови. Во рок од два месеци станав разведена жена со две деца. Не се грижев. Знаев дека ме чекаше среќата. Барем така мислев…
Постојано разговаравме за тоа како ќе живееме среќно со децата. Но, еден ден дојде кај мене и ми рече дека не може да ја остави сопругата, да го сруши бракот и не сака тоа да им го направи на децата.
Мојата сродна душа си замина од мене. Исчезна ненадејно, исто како што влезе во мојот живот. Не сакам да ме сожалувате. Испаднав наивна, срцето ми се скрши на ситни парчиња, но не сум жртва!
Станав појака. Сега се борам за среќата на моите деца. Осамена сум, но не сум несреќна. Знам дека направив погрешни чекори, но исто така знам дека заслужувам среќа и нема да се смирам додека не ја најдам…Ова е нејзината приказна:
„Ја бркав среќата и сѐ уништив. Да ми речеше некој пред година дека на 30 години ќи бидам сама со две деца,

Пронајдете не на следниве мрежи: