Го откриле ПОТЕКЛОТО и ИДЕНТИТЕТОТ на родителите кога ФБИ им упадна во домот!

На прв поглед изгледале како најобично семејство, а потоа агенти на ФБИ упаднале во нивниот дом и била откриена голема тајна.Доналд Хетфилд, со сопругата Трејси Фоли и двајцата синови Тим и Алекс, живееле во Кембриџ кога во домот во 2010 година им упаднале агенти на ФБИ и откриле дека Доналд и Трејси всушност се руски шпиони. Шест години подоцна, нивните синови за Гардијан го опишале целосното искуство.
Имено, нивните родители никогаш не им го откриле својот таен идентитет. Татко им бил роден како Андреј Безруков, а мајка им како Елена Вавилова во Советскиот Сојуз, а и двајцата биле регрутирани на околу 20 години за да ѝ служат на земјата во „сложена шпионска операција“. Пред да се доселат во САД, дошле во Канада, каде што се родиле Тим и Алекс.
„Никогаш немав ни најмал сомнеж во моите родители“, рекол Алекс и додал: „Дури и мислев дека родителите на моите пријатели се повозбудливи и поуспешни од моите“.
Браќата биле во шок по апсењето и мислеле дека станува збор за грешка, додека доказите не почнале да се собираат.
Тој и неговиот брат Тим ги минувале ноќите во хотел кој им го обезбедил ФБИ, обидувајќи се да разберат што се случило. Кога следниот ден се вратиле дома, виделе како агентите ги одвеле сите електронски уреди, сите фотографии и документи.

Новинарски екипи се собрале околу куќата, нивните телефони и компјутери биле запленети. Следното утро Тим излегол до куќата и заминал во библиотека за да најде интернет. Се обидел да најде адвокат за своите родители. Агентите на ФБИ ги одвеле децата на сослушување пред судот во Бостон, каде нивните родители биле соочени со обвиненија. Кратко се сретнале со нивната мајка внатре во затворот. Алекс тврди дека во ниеден момент не ја прашал мајка си за што се обвинети.
Дури и кога на радио по неколку дена слушнале дека ФБИ разоткриле 10 руски шпиони низ САД, биле уверени дека станува збор за грешка. Сепак, ФБИ не згреши. Односно, луѓето кои Тим и Алекс ги познавале како мама и тато биле нивни биолошки родители, но не се викале Доналд и Трејси. Тоа биле некои загинати Канаѓани на кои им биле украдени идентитетите.
Многу разузнавачки служби користат агенти без дипломатско покритие, некои регрутирале втора генерација мигранти кои веќе живеат во странство. Меѓутоа, Русите се единствени кои ги тренираат своите агенти да глумат друга националност.
Алекс, кој сега има 21 година, студира во Европа, а неговиот брат работи во Азија. Двајцата решиле отворено да зборуваат за сè, бидејќи сакаат повторно да добијат канадско државјанство и да се вратат во таа земја.
Нивните родители се на слобода и живеат во Русија, каде се вратиле по размената на шпиони. Не е познато кои информации ги собрале за Русија, но сигурно е дека имале авантура во стилот на Џејмс Бонд.
Браќата останале пријатели со многу луѓе од Бостон. Иако не живеат во Русија, на неколку месеци одат во Москва за да ги посетат своите родители. Новинарот на Гардијан ги прашал како го одржуваат односот со нив. Момчињата внимателно ги бирале зборовите: „Секако, имаше тешки периоди. Сепак, лутината не може да доведе до никаков позитивен резултат“, рекол Тим.Доналд Хетфилд, со сопругата Трејси Фоли и двајцата синови Тим и Алекс, живееле во Кембриџ кога во домот во 2010 година им упаднале агенти на ФБИ и

Пронајдете не на следниве мрежи: