Исидора Бјелица, која четвти пат се избори со ракот, ја обвинуваат дека ја измислила болеста во маркетингшки цели, па поради тоа добива навредливи пораки.Тимот кој ги води профилите на Бјелица на социјалните мрежи, ги извести фановите дека од сега секој коментар ќе го прати на полицијата.
„Веќе неколку дена од лажни профили иста група на неписмени личности на различни начини ја напаѓа и се заканува на семејството на госпоѓа Исидора Бјелица. Бевме принудени случајот да го пријавиме во полиција, за да се открие кој стои позади ова и да биде процесиран. Од сега сите коментари се снимаат поради водење на истрагата“.
Како што пишува Ало, Исидора се навикнала некои луѓе да не ја сакаат, но никогаш до сега не чувствувала дека нејзината безбедност е загрозена.
„Исидора е многу исплашена. Иако поради нарушеното здравје не би смеела да се нервира, ова потполно ја исфрли од колосек. Случајот е предаден на полицијата и таа се надева дека ќе бидат сослушани сите кои се вклучени во хајката против неа и нејзиното семејство. Таа нема да дава изјави додека случајот не се заврши, како би дозволила на надлежните поефикасно да ја работат својата работа“ – вели извор близок на Исидора.
И самата Исидора се огласи на Фејсбук по повод заканите:„Бескрајно сум благодарна што сте со мене, ми значи вашата љубов и поддржка. Наскоро ќе дознаеме сѐ и ќе ставиме точка на овој смислен лин, Ве сака и прегрнува вашата Иси“.Тимот кој ги води профилите на Бјелица на социјалните мрежи, ги извести фановите дека од сега секој коментар ќе го прати на полицијата.
&bd