Го победила ракот, но месец дена подоцна умрела од инфекција на градите

Jessica Versey која имала само 19 години, ја победила леукемијата откако нејзината 10 годишна сестра донирала коскена срж.Само еден месец откако излегла како победник од битката со ракот, за време на божиќните празници, починала.
 Болеста и била дијагностицирана во Мај минатата година како акутна милеоидна леукемија.
 Минатиот Октомври, нејзината 10 годишна сестра Maisy донирала коскена срж во обид да ја спаси, кој за среќа се покажал како успешен. Jessica успеала да го победи ракот.
Но нивната среќа не траела многу долго. Откако добила инфекција на градите и белите дробови кои не биле поврзани со ракот, набрзо починала.

 Нејзината ожалостена фамилија и нејзините пријатели им оддале почит на навистина посебните и инспиративните млади девојки кои ги мотивираат другите за да се спротивстават на ракот.
 Нејзиниот постар брат Sean изјавил:
 „Јessica беше сакана од сите нас и немаше ништо поважно за нејзе од нејзиното семејство. Живееше секој ден со насмевка налицето и секогаш знаеше како да не насмее. Беше навистина посебна и беше инспирација за сите нас. Ми беше повеќе од сестра, ми беше најдобра другарка и секогаш си бевме еден за друг.
Имаше посебна врска со нашите родители, беше драгоцена ќерка.
 Би сакал да истакнам дека Jess почина од инфекција, а не од ракот. Го победи ракот и ги инспирираше останатите да се борати да застанат против него.

Jessica јавно говореше за ракот преку социјалните мрежи и медиуми – 'сподели ја грубата и брутална вистина за тоа што се може ракот да направи'.“

 На 1-ви Мај Jessica напишала на Facebook:
 „Пред цела година, денеска, точно во овој момент бев пренесена во болница каде ми беше дијагностицирана акутна милеоидна леукемија.
 Целиот мој живот се преврте наопаку. Никогаш немав во предвид колку сериозно беше на почетокот, никој не очекуваше дека толку ќе се повлечам после првата недела од третманот.
 Но, погодете што, застанав силно на земја, започнав борба и победив во најголемата битка со која некој може да се сретне! Го победив ракот.
 Никој навистина неможе и нема да разбере колку застрашувачка и брутална беше мојата авантура и сеуште е.“
 
Jessica била престрашена кога фотографијата со нејзината лузна од отстранувањето на цевката од хемотерапијата била објавена на Facebook за голотија.
 Социјалните медиуми биле преплавени со почит кон оваа тинејџерка.
 Еден напишал: „Ти си најсилната и најхрабрата девојка која некогаш сум ја познавал.
Спиј цврсто ангелу, ќе им недостигаш на сите кои те познавале, сакале и ги читале твоите објави.“
„Толку убава девојка земена толку брзо, но (ТИ) не оди без борба.“
„Светот е толку сурово место, ги зема само најдобрите, ти беше инспирација. Имаше позитивни мисли без разлика што поминувашениз пекол…никогаш нема да бидеш заборавена.“Само еден месец откако излегла како победник од битката со ракот, за време на божиќните празници, починала.
 Болеста и била дијагности

Пронајдете не на следниве мрежи: