Го поправал лавабото, па НАСТРАДАЛ бидејќи жената го фатила соседот за МЕЃУНОЖЈЕТО

 
Се почнало кога човекот тргнал да го поправи сифонот кој течел под лавабото, а потоа побарал помош од соседот…Урбаните легенди со децении се шират од комшиските усти до усти и остануваат да живеат како нова форма на народни легенди.
И оваа приказна која ви ја пренесуваме е урбана легенда, а наводно се случила во седумдесетите години на минатиот век во еден од новобелградските солитери.
Брачен пар еден викенд видел дека не им работи лавабото. Како што тоа обично се случувало во среќните времиња во некогашната СФРЈ, секогаш мажите како по некоја службена должност, морале најпрво сами да пробаат да го поправат нештото, а мајстор се викал дури на крајот, кога ќе се исцрпат сите можности во вид на викање комшија, роднина, познаник од работа и сл. кој можеби би умеел да ја среди работата. Во овој случај треба да се напомене и дека мајстор тогаш не било лесно да се пронајде кога е неработен ден.
Мажот како причина за проблемот го лоцирал сифонот, па веднаш жена му ја пратил да купи нов додека тој го расклопи постоечкиот. Легнал и добро се пикнал под лавабото, така што му ѕиркале само нозете. Додека жената била да пазарува, сопругот го повикал соседот од другиот кат да му помогне да го извади сифонот.
Соседот донел алат и „се фрлил“ на работа, додека нејзиниот сопруг одлучил на брзина да отиде до продавница, да купи неколку лименки пиво, како што е редот да го почести соседот.
Во меѓувреме додека сопругот бил во продавница, жената се вратила со нов сифон. Судбината сакала да го затекне соседот во истата положба под лавабото во каква бил и нејзиниот сопруг, и соседот да има на себе исти сини фармерки какви што носел нејзиниот сопруг тој ден….

 
Сакајќи да го изненади сопругот, а и да му најави каква награда го чека после поправката на лавабото, жената се одлучила да го фати за меѓуножјето. Меѓутоа, бидејќи под лавабото бил соседот, а не нејзиниот сопруг, неговите тестиси се нашле „на удар“ на стиснатите шаки на жената. Не сфаќајќи што се случува, соседот одеднаш се тргнал и со главата со сета сила се удрил во внатрешниот дел на шкафчето над кое било лавабото.
Кога мажот се вратил од продавницата со пиво ја пронашол следната сцена: соседот лежел во несвест на среде подот на кујната, а жена му се обидувала да го поврати потурајќи го со вода. Мажот и жената се разбира, веднаш повикале брза помош.
И сега финалето: кога соседот од амбулантното возило го ставиле на носила и тргнале да  го симнуваат по скалите од зградата, еден од техничарите, прашал како  се случила несреќата. Кога слушнале за приказната, толку се смееле што наводно несреќникот случајно го испуштиле по скалите, па тој дополнително ја скршил ногата.
Не е познато дали соседот на брачниот пар им простил за се тоа што му го приредиле.
Ако постои поука од оваа приказна, тогаш тоа е да бидете внимателни, ако на некој му скокнете во неволја, особено ако поправате мијалник. Во секој случај, секогаш можете оваа приказна да му ја раскажете на вашиот сосед кој ќе мајсторува низ вашиот дом.Урбаните легенди со децении се шират од комшиските усти до усти и остануваат да живеат како нова форма на народни легенди.
И оваа приказна

Пронајдете не на следниве мрежи: