На вистински начин, во голема мера преку својот препознатлив духовит начин, Новак Ѓоковиќ и се обрати на публиката во Лондон по освојувањето на својата трета титула на Вимблдон.„Мора да кажам дека за мене секогаш е чест кога играм со Роже Федерер затоа што тој има толку многу направено за овој наш спорт. Тој е идолот на денешните генерации тенисери, и најголемиот за мене предизвик во кариерата“ – рече Ѓоковиќ веднаш по освојувањето на годинашниот Вимблдон, притоа осврнувајќи се и на соработката со својот тренер Борис Бекер кого го стигна по бројот на освоени трофеи во Лондон.
„Да, привилегија е да го имате Борис покрај себе. Не знам како ќе ја прославиме денешната победа, затоа што ние сме некоја чудна комбинација. Јас Србин а тој Германец, има тука значителни разлики, но само да видите колку убаво се согласуваме“ – низ шега прокоментира српскиот тенисер.
За Ѓоковиќ неизбежно осамна и прашањето зошто секогаш по освојувањето на трофејот на овој Гренслем турнир џвака малку од тревата на централниот терен…
„Па, да ви кажам искрено навистина тревата е вкусна овде. Задолжените за неа оваа година направиле добра работа“ – ги насмеа Ѓоковиќ присутните во Лондон, и дополни:
„Како мал секогаш сонував дека го освојувам Вимблдон. Тоа беше мој огромен сон, и некако во мене постојано си повторував дека кога ќе го освојам ќе направам нешто специфично како на пример да јадам од тревата. И кога прв пат го освоив Вимблдон морав да го исполнам во себе ветеното. Па сето тоа сега стана и еден вид традиција“.„Мора да кажам дека за мене секогаш е чест кога играм со Роже Федерер затоа што тој има толку многу направено за овој наш спорт. Тој е идолот