Го пратила својот татко да ѝ купи влошки, а неговите збунети пораки го насмеаа светот

Тиа Сава од Бедфордшир на својот Фејсбук профил објавила смс- пораки кои ги разменила со својот татко откако „кутриот несреќник“ го пратила да ѝ купи влошки.Збунетиот татко веднаш станал хит на интернет, иако многумина се посомневале дека се работи само за рециклирање на една стара, слична приказна.
Кој и да ја видел оваа порака во оригинал, социјалните мрежи сепак сметаат дека е во секој случај е урнебесна- а тоа го докажува и бројот од 20.000 лајкови и повеќе од 17.000 шерови.
„Во продавница сум, каде стојат?“
„Покрај дезодорансите и шампоните“
„Аха, ги гледам. Кои ги сакаш?“
„Always (секогаш)“
„Always (секогаш) што?“
„Не, така се викаат“
„А ги видов. 3.50 фунти??? Што по ѓаволите…?“
„Смири се.“
„Побрзај некоја жена овде чудно ме гледа.“
„Ми требаат ноќни, пакувањето би требало да биде виолетово. Со мирис и крилца“

 
„Што по ѓаволите се крилца? И како да знам дека се миризливи, морам ли да ги мирисам?
„Пишува на паковката, опушти се“.
„Ок, бидејќи мирисањето би испаднало чудно. Дали ти требаат некои креми?“
„??? Зошто би ми требале креми?“
„Мислев дека вам девојките ви требаат креми за потоа.“
„О Боже… Само земи ги и дојди дома“.
„Ок, по ѓаволите очиггледно фали храна. Ќе ти донесам чоколадо“, заклучил збунетиот татко.
Збунетиот татко веднаш станал хит на интернет, иако многумина се посомневале дека се работи само за рециклирање на една стара, слична приказна.

Пронајдете не на следниве мрежи: