Го снимила својот дечко како се самозадоволува, па со уцена му земала 6.000 евра!

Полицијата предупредува дека на територијата на Австрија се зголемува бројот на случаи на тн. секс-торинг, т.е. уценување со објавување на компромитирачки видео четови на интернет.Австриската полиција предупредува дека се зголемува бројот на жртви на секс-торингот и дека граѓаните треба добро да размислат со кого се впуштаат во видео чет и кому му праќаат фотографии и видеа.
Неодамна, дечко (25) од местото Брук ан дер Лајт, во Долна Австрија, запознал девојка преку Фејсбук и почнал да се допишува со неа. Со тек на време, станале блиски и интимни, па таа во еден момент му побарала „само за нејзини очи“ да мастурбира пред компјутерската камера – при што ја послушал. Тој не ни сфаќал дека девојката го снимала неговиот сексуален чин.
Неколку дена подоцна следело непријатно изненадување, бидејќи девојката барала од него да ѝ плати одредена сума пари. А за возврат, таа му рекла дека нема да го објави видеото од неговото самозадоволување. Бидејќи во видеото јасно се гледало неговото лице, измамничката успеала од несреќниот дечко да земе вкупно 6.000 евра во повеќе наврати.
На територијата на Австрија веќе се пријавени повеќе случаи на вакви уцени, па полицијата ги советува граѓаните да не наседнуваат на уцените, туку веднаш да поднесат пријава доколку се најдат во таква ситуација.
Неопходно е и оштетеното лице да ги сочува податоците за контакт со уценувачот, како и скриншот од меѓусебните допишувања, за да послужат како доказен материјал.Австриската полиција предупредува дека се зголемува бројот на жртви на секс-торингот и дека граѓаните треба добро да размислат со кого се впуштаат

Пронајдете не на следниве мрежи: