Го шокираше светот! Мајката му забранила на синот да прима хемотерапија

Анџела Киско, мајка на три деца од Австралија предизвика лавина коментари на интернет откако донесе одлука да не му дозволи на својот шестгодишен син Ошин да добие третман со хемотерапија.Имено, на детето во декември минатата година му е дијагностициран медулобластом, тумот на малиот мозок кој се појавува кај децата во раното детство. Лекарите препорачале и зрачење, но Анџела и нејзиниот сопруг Колин не дозволуваат да се спроведе овој третман, иако тоа е веројатно единствената надеж дека детето може да преживее.
„Да можам да го разберам тој третман, не би имала ништо против и тоа му го реков на онкологот. Тие лекуваат рак со нешто што самото по себе е канцерогено и навистина не разбирам како тоа може да му помогне“ – објасни Анџела.
Поради овој случај се дигна голема расправа во јавноста, па на крајот реагираше и судот. После заседување, одлучено е дека детето мора да добие терапија која може да му го спаси животот, без оглед на противењето на неговите родители.
„Попрво би го лекувала Ошин со азиски алтернативни методи. Не сакам мозокот на моето дете да биде спржен од радијација. Нуспојавите се ужасни и штетни и воопшто не знам како тоа можат да го наречат третман. Како родител, своето дете го познавам подобро од било кој лекар“ – упорна е Анџела.
Од друга, австралискиот неврохирург доктор Брајан Овлер тврди дека шансите Ошин да преживее се 60 отсто, доколку отиде на операција, а после тоа добие третман со зрачење и хемотерапија.
„Ризикот е секогаш присутен, но многу деца го преживуваат и туморот и третманот и продолжуваат да живеат среќно и здраво“ – изјави Овлер.
Но, Анџела и Колин остануваат при своето мислење и изјавуваат дека попрво би го ставиле Ошин под палијативна грижа, отколку постојано да го малтретираат со заминувања во болница.
„Децата со медулобластом поминуваат години и години низ тортура, медицински третмани и повторно враќање на болеста, а сето тоа за да добијат евентуално пет години живот. Би сакала на Ошин да му овозможам мир, љубов и среќа додека можам“ – изјави мајката.
На судењето лекарите истакнаа дека детето има уште неколку месеци живот доколку не ја добие терапијата, но искрено изјавија дека шансите да проживее подолго од пет години се многу мали.
„Шансите да преживее подолго од пет години со хемотерапија се околу 30 отсто, а со хемотерапија и зрачење околу 50 отсто“ – наведоа лекарите.
И покрај малите шанси, судијата донесе одлука дека на детето мора да му се овозможи лечење и истакна дека во текот на наредните години може да се случат многу работи кои би придонеле за промена во начинот на лекување.
На прашањето поради која причина никако не сака да нејзиниот син да ја добие единствената можна терапија, Анџела изјави дека знае како сето тоа изгледа, бидејќи нејзината мајка и маќеа починале од канцер.
„Тоа е вистински пекол и за болниот и за семејството. Детето во текот на тој процес како да не е живо. Постојано е под седативи, исцрпено и скоро несвесно, на работ на смртта. Тоа повеќе ми наликува на нацистички методи“ – заклучи мајката.Имено, на детето во декември минатата година му е дијагностициран медулобластом, тумот на малиот мозок кој се појавува кај децата во раното детство

Пронајдете не на следниве мрежи: