Табитка Коуп со својата постапка запрепастила многу луѓе ширум светот. По смртта на нејзината мајка таа на својот Фејбук напишала: „Динг, донг, вештерката е мртва“.- Мојот татко умре пред 12 години и оттогаш многу ми недостасува. Сега кога е мојата мајка мртва, се чувствувам сосема поинаку. Нема да одам на погреб, ниту ќе запалам свеќа. Единствено што можам да направам е да заиграм, изјавила Табитка за Дејли Мејл.
Откако разбрала дека нејзината мајка починала, првото нешто што го направила е што објавила пост на Фејсбук „Динг, донг, вештерката е мртва“. Табитка тврдела дека нејзината мајка никогаш не ја сакала.
– Никогаш не се грижеше за мене, не и беше важно дали сум жива или мртва. Никогаш не ми кажала дека ме сака и постојано ми викаше. Ја паметам само по тоа, рекла Табитка.
Таа додава дека нејзината мајка мразела да работи по дома, ужасно готвела и немала пријатели. Единствено што сакала да прави било да шета и да купува облека.
– Се надевам дека постои задгробен живот и дека она е среќна во него, бидејќи на овој свет очигледно не беше. Ако ме прашувате дали сум несреќна, не- не сум. Нејзината смрт најпосле ме ослободи, заклучила Табитка за Дејли Мејл.- Мојот татко умре пред 12 години и оттогаш многу ми недостасува. Сега кога е мојата мајка мртва, се чувствувам сосема поинаку. Нема да одам на пог



