Многу луѓе наводно не се предупредени на опасност.Судската порота во американската држава Мисури побарала од една компанија да исплати отштета од 72 милиони долари на семејството на жената чија смрт, како што семејството тврди, е поврзана со употребата на пудра за бебиња во прав.
Жаклин Фокс починала од рак на јајниците на 62 годишна возраст, откако со децении користела ваква пудра. Нејзиното семејсво тврди дека компанијата знаела за ризикот од употреба на талкот и не ги предупредила корисниците.
Компанијата ја отфрли тужбата и наведе дека планира да ја обжали одлуката на судот, тврдејќи дека поврзаноста со ракот на јајници не е докажана.
Портпаролот на компанијата што е тужена изјавува дека единствена грижа им е здравјето и безбедноста на потрошувачите.
Со години постои загриженост дека користењето талк, а особено на гениталиите може да го засили ризикот од рак на јајниците, но тоа се уште не е докажано. Минералниот талк во својот природен облик содржи азбест и предизвикува рак, но уште од 70-тите години се користат пудри без азбест. Сепак, истражувањата покажаа контрадикторни резултати.Судската порота во американската држава Мисури побарала од една компанија да испл