Американските власти истражуваат случај на маж кој тужел казино во Лас Вегас, затоа што го пуштиле да изгуби 500.000 долари, а бил „мртов пијан“. Законот на Сојузната држава Невада им забранува на казината да им дозволуваат „на лицата под влијание на алкохол или дрога да учествуваат во игрите на среќа“, потсетува Марк Џонстон, кој ја поднесе тужбата.
Минатиот месец тој деловен човек сфатил колку пари изгубил дури кога утрото се разбудил во хотелската соба.
Марк Џонстон рекол дека почнал да пие дури и пред да полета од Лос Анџелес за Лас Вегас со пријателката и дека ништо не памети што се случило вечерта.
Според Лос Анџелес Тајмс, тој испил уште 20-тина пијалаци во текот на играта и бил толку пијан што повеќе не ги распознавал картите кои ги имал во рацете. Трупајќи го долгот продолжил да игра, додека неговата пријателка мирно заминала на спиење не знаејќи за тоа каква финансиска драма се одвива со нејзиниот пријател. Законот на Сојузната држава Невада им забранува на казината да им дозволуваат „на лицата под влијание на алкохол или дрога да учествуваат во