Во велшкото село Бедау, во дворот на една семејна куќа беше пронајден костур завиткан во пластична фолија.Со понатамошна истрага било утврдено дека станува збор трупот на Џон Сејбин, кој исчезнал уште во 1997 година. Никој не пријавил во полиција дека е исчезнат, а сега се испоставило дека бил убиен од страна на неговата сопруга, која во еден момент го фрлила неговото тело во дворот каде што го закопала и ја чувала тајната цели 18 години.
Костурот бил пронајден минатиот месец, три недели откако починала неговата сопруга Лејг Ен Сејбин од рак.
Таа продолжила да живее во истиот дом.
„Ова е навистина необичен случај и се трудиме да ги поврземе работите“, изјавил детективот Герет Морган и додал дека Џон, кој инаку бил пожарникар, денес би имал 85 години.
Обдукцијата покажала дека Џон се здобил со повреди при напад.
Локалниот фризер бил шокиран откако слушнал што се случило.
„Сите ја познававме. Доаѓаше овде и дури ни носеше подароци за Божиќ. Ја викавме лудата Лејг, бидејќи беше необично смешна. Имаше златно срце. Таа е последната личност од која би очекувал дека ќе биде обвинета за убиство. Знаевме дека имаше сопруг и дека живееја одделно. Мислевме дека тој ја напушти. Кога дознавме дека е болна ѝ пративме порака во болница за да знае дека мислиме на неа. Наредниот ден ни кажаа дека починала“.Со понатамошна истрага било утврдено дека станува збор трупот на Џон Сејбин, кој исчезнал уште во 1997 година. Никој не пријавил во полиција дека е