Ѝ го украла момчето на најдобрата пријателка: Судбината ѝ приредила нешто уште полошо!

Иако израснале во ист крај, М. и В. почнале да се дружат дури кога стргнале во исто средно училиште. Пријателството било прекинато со чин кој не се простува- со превземање на момчето.„Што е уште полошо, тој мене воопшто не ми се допадна, но од секогаш ми беше интригантен од причина што беше многу повлечен, некако во свој свет, а девојките паѓаа на тоа“, вели М.
На училиште веста дека повлеченото момче и В. се во врска. И самата М. била шокирана, посебно затоа што нејзината најдобра пријателка не сакала многу да зборува за тоа. Набрзо се „наместила“ прилика да дознае што има во тоа момче, и зошто баш од сите, ја одбрал нејзнината пријателка- матурската екскурзија во Унгарија на која В. не отишла, бидејќи нејзините родители немале доволно пари.
На крстарењето по Дунав  М. ја искористила приликата да му пријде, и подобро да го запознае, бидејќи „на што личи тоа да се забавуваш со мојата најдобра пријателка, а јас не знам ништо за тебе“. Бидејќи како и на секоја матурска екскурзија имало многу алкохол, по природа непосредната М уште повеќе се опуштила, како и момчето на нејзината пријателка. Музика и мракот не биле добар параван- моментот кога се бакнале го виделе сите.
По враќањето во Белград за ова зборувало целото училиште. В не рекла ни збор за целиот случај. Не ја продолжила врската со момчето, а со довчерашната најдобра пријателка престанала да зборува. Тоа се случило во 1998 година. Тие две никогаш повторно не се виделе.
Денес, 17 години подоцна, М има 36 години, и живот распарчен на парчиња. Откако завршила Академија за драмски уметности секогаш се одлучувала за повремени ангажмани, што и оставило доволно простор за забавување и патување. На едно од нив се појавил и ТОЈ, тогаш амбициозен адвокатски приправник кому на чело му пишувало дека ќе постигне многу. Следела врска која одела во многу убава насока, а паралелно со тоа неговата кариера брзо се градела.
„Свесна сум каде грешев, наместо да уживам и да бидам јас, продолжив да глумам. Се препознавав во терминот enfant terrible (неподносливо детиште) кој многу пати го обработувавме на часот по глума и драма. А за тоа немаше потреба.

 
Излуден од девојката која е и тука, а не е, која не знае што сака, а сакаше нешто, воедно толку неодолива што не може да се живее без неа, ТОЈ ја запросил. Но, мирот не дошол ни со бракот. Во првите неколку години се обиделе да ги решат несогласувањата со заминување на некое патување, подароци, секс, излегувања, но во еден момент М сфатила дека што и да се случи, или што и да стори ТОЈ- не била задоволна.
„Се запрашав дали воопшто го сакам. Или дали всушност ја засакав таа слика за него. Не знаев дали сакам да го спасам бракот или сериозно да и се посветам на глумата. Затоа му реков да се исели од станот додека не одлучам што сакам“, продолжува М.

А потоа следел ладен туш, поладен од млаките аплаузи на крајот на претстава. „И јас размислив. Нема да се враќам повеќе. Ќе ти пратат од мојата канцеларија документи за развод“, рекол кратко и ладно откако дошол во станот по некои ситници.
Не поминал долг период кога пристигнал меил во кој е известена, дека бидејќи секако ќе дознае, подобро од него да слушне дека се жени. Горејќи од желба да види која е „наследничката“, М со денови висела на Фејсбук профилите на заедничките пријатели чекајќи фотографија од венчавката. Дури тогаш следел вистински шок, еднаков на оние од латино сапуници.
„Од сите жени на овој свет, во овој град, мојот поранешен сопруг налетал на мојата поранешна пријателка, и баш во неа нашол сродна душа по распаѓањето на нашиот брак.
М вели дека не е бесна и разочарана првенствено од причина затоа што таа го ставила нивниот брак на тест, а не ТОЈ. Тврди дека многу пати за овие 17 години посакала да и се извини на В, но сега тоа во оваа констатација не доаѓа во предвид.
„Испадна дека барам прошка свесна дека „Бог ме казни“, дека таа е „победничка“ што воопшто не е вистина. Таа го доби мојот сопруг откако тој стана поранешен, што значи таа не го превзела, а тој конечно доби некоја добра душа која ќе го разбира. Така што, да ви кажам сето ова ми е по малку смешно. И токму затоа ја раскажав нашата приказна бидејќи знам дека ќе дојде до нив. Нека уживаат во животот, јас уживам уште повеќе.„Што е уште полошо, тој мене воопшто не ми се допадна, но од секогаш ми беше интригантен од причина што беше многу повлечен, некако во свој с

Пронајдете не на следниве мрежи: