Го ВООДУШЕВИ СВЕТОТ: Ова е нејзиниот одговор на тоа дека „на сите муслимани треба да им се отсечат главите“!

Млада Австралијанка која бранеше еден муслимански пар кој бил изложен на навреди во градскиот превоз, рекла дека ѝ било доста од сѐ и дека се надева дека и останатите ќе застанат на страната на правдата.Австралиските медиуми пренесуваат дека Стејси Иден (23) од Сиднеј, патувала накај дома со градската железница кога здогледала една средовечна жена како навредува една муслиманка која носи марама и нејзиниот сопруг Хафиз Бати, велејќи им дека сите муслимани се симпатизери на ИСИЛ.
Иден почнала со мобилниот да го снима настанот и ѝ рекла на агресивната патничка дека „жената носи марама бидејќи сака да биде скромна, а не поради луѓето кои се дрзнуваат да ја навредуваат“.
Нејзината реакција и видеото кое го објави на социјалните мрежи предизвика коментари исполнети со благодарност од муслиманките ширум светот.
Шокиран и изненаден, Хаифз изјавил за „Дејли Мејл Австралија“ дека бил разочаран од нападот и дека тој и неговата жена претходно биле жртви на такви испади и кога оделе накај аеродромот од кој требале да заминат за Бризбејн.

„Жената ја праша мојата сопруга зошто носи марама, бидејќи надвор е топло“, кога мојата сопруга ѝ одговори, мислев дека таа постави само безизлезно и пријателско прашање.
„Тогаш, таа почна да зборува дека муслиманите какви што сме и ние самите, се обидуваат да ја покорат Австралија и дека на сите ќе им ги отсечат главите. Ние бевме шокирани“, рекол Хафиз.
Тој јавно ѝ се заблагодарил на Стејси и преку својот профил на Фејсбук:
„Стејси, ти благодарам уште еднаш за поддршката. Навистина верувам дека ти и многу други Австралијци ги почитувате сите религии“.
При давањето интервју за австралиското радио 2ГБ, Иден рекла дека брачниот пар не направил ништо за да заслужи такви навреди.
„Ми беше жал за нив, бидејќи навистина изгледаше дека тие се плашат од таа жена и дека не можеа ништо да кажат во свое име“, рекла Стејси.
Стејси додала дека жената ги навредувала барем десетина минути.
„Таа гледаше наоколу во купето со надеж дека некој ќе се сложи со неа, но за среќа, тоа не ѝ успеа зошто станав и ѝ реков дека зборува небулози“, додала таа.
Полицијата на сојузната држава Њу Саут Велс, го истражува случајот и апелираше до сведоците да се јават во полициската станица да дадат изјави.Австралиските медиуми пренесуваат дека Стејси Иден (23) од Сиднеј, патувала накај дома со градската железница кога здогледала една средовечна жена

Пронајдете не на следниве мрежи: