Го замениле во болница: Израснал во беда, а можел да биде многу богат

Еден Јапонец кого во родилиштето го замениле и го предале на погрешни родители ја тужел болницата и добил отштета бидејќи животот го минал во сиромаштија наместо во луксуз.Шеесет годишен маж, чиј идентитет не се открива, посакува да може да го врати времето откако дознал дека неговите родители се богати и дека неговите браќа и сестри „пливаат“ во пари.
Него го израснала жена која едвај крпела крај со крај по смртта на сопругот. Семејството често мизерувало и не можеле да си дозволат ниту основни намирници, зависеле од социјална помош. Кога пораснал, станал возач на камион и никогаш не се оженил.
Окружниот суд во Токио наредил болницата во која се родил да му плати 300 илјади евра отштета поради грешка од 1953 година бидејќи го замениле со бебе родено 13 минути подоцна.
Кога дознал дека можел да има поубав живот, низ главата му поминале илјада мисли:
„Се прашував како можело тоа да се случи. Не можев да си поверувам. Да бидам искрен, на почетокот не можев да го прифатам тоа“, изјавил човекот.

Да не дошло до грешката, ќе израснел како најстаро дете во богатото семејство со четворица синови. Но, наместо тоа, тој израснал во еднособен стан во кој единствен луксуз бил радио апарат, наместо да го учат приватни учители – се образувал во вечерно училиште и во фабрика заработувал за гол живот.
Дека не живее со своите биолошки родители дознал сосема случајно. Неговите биолошки браќа нарачале ДНК тестирање бидејќи им било сомнително зошто најстариот брат воопшто не личи на нив. Тоа го направиле по смртта на родителите. Потоа ја контактирале болницата и побарале да се проверат податоците, по што и дознале за грешката во родилиштето.
Несреќниот Јапонец сега е меѓу своите биолошки браќа и се обидува да го надомести изгубеното време.Шеесет годишен маж, чиј идентитет не се открива, посакува да може да го врати времето откако дознал дека неговите родители се богати и дека неговит

Пронајдете не на следниве мрежи: