Го запознала како тинејџерка, се засакале и се вериле, а 12 години подоцна ја дознала вистината за него

Сузана Бирч имала само 15 години кога преку чет запознала маж во кој страшно се вљубила. Имале „врска преку жица“ и многу се засакале. Три години биле во врска, а потоа следела и просидба, иако никогаш не се запознале во живо. Врската на крајот пропаднала, Сузана се омажила за друг маж, и дури сега- 12 години подоцна- ја дознала вистината за овој маж.„Дознав дека тој всушност има 63 години, има деца, па дури и внуци“, рекла Сузана за „Хафингтон пост“.
Иако раскинале, тие двајца останале во контакт и со години се допишувале. Таа цело време мислела дека се работи за нејзин врсник, а дури минатата недела дошла до шокантни податоци за неговиот идентитет.
Иако се чочувствувала измамена, бидејќи човекот кого го сметала за многу добар пријател ја лажел, Сузана вели дека ова сознание на некој начин ја смирило.
„Сите овие години се прашував зоштo никогаш не можеше да се најде со мене. Секогаш имаше некаков изговор. Прво беше училиштето, па факултетот и слични работи. Се прашував зошто не сака да ме запознае, а кога го дознав ова сфатив дека проблемот не е во мене, туку во него“.

 
На многумина не им било јасно како е можно како и покрај се не и било сомнително дека можеби се рботи за човек кој го крие својот идентитет.
„Престанав да се сомневам дека е измамник кога ја прочитав листата предупредувања од луѓе кои се жртви на онлајн измами. Никогаш не ми бараше пари, не стори ништо чудно. Стана толку голем дел од мојот живот што веќе престанав да се прашувам“, вели Сузана.
Луѓето ја осудиле Сузана по нејзината исповед, и и кажале дека самата е виновна за се. Таа и на тоа има подготвено одговор.
„Колку повеќе луѓе зборуваат за ова, толку помалку ќе се случува ова. Што помалку луѓе зборуваат за вакви работи, толку помалку луѓе ќе бидат свесни за проблемите и начините како да ги избегнат ваквите ситуации. Сторителите ќе бидат казнети, а жртвите ќе добијат помош“, истакнува таа.„Дознав дека тој всушност има 63 години, има деца, па дури и внуци“, рекла Сузана за „Хафингтон пост“.
Иако раскина

Пронајдете не на следниве мрежи: