Го запознала преку интернет и сѐ било прекрасно. Но, кутијата за ручек криела СТРАШНА ТАЈНА!

Ема Хауелс никогаш не размислувала премногу за тоа што нејзиниот сопруг носи да јаде на работа. Меѓутоа, Мајк Хоукс чувал одвратна тајна во кутијата за ручек.Имено, Мајк во кутијата за ручек криел друг мобилен телефон од кој договарал средби со љубовницата. Ема сосема случајно го пронашла мобилниот.
Кога заедно со синот отишле да се најдат со Мајк после работа, во пластичната кутија не пронашла сендвичи ниту остатоци од ручек, туку мобилен телефон. Мајк веќе пет години се гледал со друга жена, а со помош на тајниот мобилен договарале средби.
Ема и Мајк се запознале преку интернет. Таа никогаш не помислила дека мажот, на чија љубезност се восхитувала, би можел да ја повреди.
Две години одржувале врска на далечина, а тогаш Мајк се вселил кај неа. По година ипол, Ема останала бремена. Биле пресреќни и сѐ правеле заедно.
„Ноа е прекрасно дете. Мајк секогаш беше покрај мене и мислев дека нашата врска ќе трае за цел живот. Не се венчавме бидејќи секогаш ни снемуваа пари, но не ми беше важно бидејќи ги имав нив двајца“ – рекла Ема.

Откако го пронашла мобилниот, во него открила пораки кои Мајк ги пишувал на друга жена. Се обидела да се соочи со тоа, но Мајк избегал од дома. Ја повикала неговата љубовница која ништо не негирала. Со години се гледала со Мајк, дури и кога Ема била бремена. Ја носел и кај нив дома.
Мајк се вратил дома и рекол дека му е жал. Иако Ема најрадо посакувала да го избрка, но не можела да го направи тоа поради синот кој многу бил врзан за Мајк. Се сетила и на нејзините родители кои биле во брак 40 години. Помислила дека можеби и таа носи дел од вината за прељубата, дека го запоставила сопругот.
Така одлучила да му даде втора шанса.
Ема помислила дека Мајк се сменил – секогаш бил дома или на работа. Еден ден тргнала да го посети по завршувањето на неговата смена на работа.
„Ме здогледа и се обиде да се реши од нешто. Видов дека фрли нешто во грмушките. Се обиде да избега, но викав по него. Ноа остана со него, а јас отидов да видам што фрли. Беше тоа кутија за ручек, а во неа имаше мобилен. Погледнав во пораките. И понатаму се гледаше со истата жена“ – раскажува Ема.
Иако постојано барал да ѝ прости, овојпат Ема била одлучна.
„Потрошив десет години од животот на него, но Ноа вредеше заради сето тоа. Иако не беше лесно, повторно го изградив животот“ – вели таа.
Мајк вели дека му е жал за сѐ:
„Таа е прекрасна мајка. Не требаше да ѝ го направам тоа.“Имено, Мајк во кутијата за ручек криел друг мобилен телефон од кој договарал средби со љубовницата. Ема сосема случајно го пронашла мобилниот.

Пронајдете не на следниве мрежи: