Го завела, вградила силикони, ги поправила забите, купила автомобил и…

Го завела, вградила силикони, ги поправила забите, купила автомобил и побегнала со 2,5 милиони евра Постар австриски бизнисмен останал без 2,5 милиони евра откако до уши се вљубил во една хрватска келнерка и својата љубов ја докажал така што ѝ ја открил лозинката од сефот и картичките. Суси (42) работела во голф клуб како келнерка, а чест гостин на шанкот бил супергогатиот Карл Х. (78) кој на Хрватката често ѝ се жалел дека не може да живее во самотија.
Откако неодамна му починала сопругата, Карл утеха пронашол во голфот и алкохолот поради што Суси очигледно многу брзо ја намирисала својата прилика.
На очајниот бизнисмен му ја продала приказната дека мажот ја тепа и дека нема пари за развод, а Карл тука упаѓа како спасител и на госпоѓата ѝ го решил проблемот како од шала.
Наскоро се преселиле во кревет, а Суси станала честа гостинка во вилата во Доблингер. Парот наскоро се венчал, а Суси станала добила нови заби, гради и Мерцедес Е200.

 

Карл ја продал својата компанија за 2,8 милиони евра и потоа на сопргата наивно ѝ ја кажал шифрата од сефот и картичката и броевите од сметката.
Следниот ден Суси му кажала на својот сопруг дека оди на одмор во Хрватска, но наместо на Јадранско море, таа заминала во Виена и го ограбила Карл скоро до последен цент.
Случајот сега е на суд во Виена, а Хрватката се брани дека Карл бил великодушен и дека се работи за скап подарок.Постар австриски бизнисмен останал без 2,5 милиони евра откако до уши се вљубил во една хрватска келнерка и својата љубов ја докажал така што ѝ ја

Пронајдете не на следниве мрежи: