Го знаете она ужасно чувство кога новата цура на бившиот е појака риба од тебе? Ни јас.

Денес ви прикажуваме еден интересен извадок од „Белешките на Лајла Грејс“ за она кога новата девојка на поранешниот дечко не може да се рамни со тоа што сте му биле вие. Многу од вас ќе се пронајдат во текстот што следи во прилог. 
-И ми ја шета пред мене, ми се пува, за еден ден демек ме сменил со друга. И застанав ја онака, пребледено, се укопав у место. И он напраил мангупска фаца и си вика „аха ја утепав у поим.“, а јас мртва ладна го глеам вака на косо, го глеам, го глеам… и си викам, добро бе со кој памет! Напунила години у газот, ко некоја кобила – кај висока па и на штикли се испентарила, стаила црвен кармин – певаљкине од биртиине не и се рамни и опнала од оние хулахопкине со дупчиња и он со цел памет ја шета до него? Брат, ако сакаш да ме направиш љубоморна, прво неа направи ја убава. А и дај и малце памет жити се`, нема смисла, многу селотејп ќе треба да потрошиш за устана ко чорапа.
Го знаете она ужасно чувство кога новата цура на бившиот е појака риба од тебе? Ни јас.

Да си жив и здрав, ме пресмеа.Ми го продужи животот, не за друго.
 
Извор: Белешките на Лајла Грејс Јаневска Марија, 2012(извадок од “With love, Irony”)
 
-И ми ја шета пред мене, ми се пува, за еден ден демек ме сменил со друга.

Пронајдете не на следниве мрежи: