Најпрестижниот фудбалски медиум „Goal.com“ објави дека најдобар играч на неделата во целиот свет е токму нашиот интернационалец Горан Пандев од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи.30-годишниот македонски фудбалски интернационалец во изминатата недела постигна 3 погодоци, помина 166 минути на теренот (според статистиката на „Goal.com“).
Македонскиот интернационалец стрелаше за Наполи против екипите на Галатасарај (3-1), Арсенал (2-2) и против Порто каде неговиот тим загуби со 1-3.
„Играч за големи натпревари“ вака стои во анализата на „Goal.com“.
Инаку Горан Пандев победи во конкуренција на Дидиер Дрогба (Галатасарај), Ческ Фабрегас (Барселона) и Радамел Фалкао (Монако).30-годишниот македонски фудбалски интернационалец во изминатата недела постигна 3 погодоци, помина 166 минути на терен