Гоати: Српските избори најверојатно на есен

Српскиот политички аналитичар и истовремено претседател на организацијата Транспарентност Србија, Владимир Гоати смета дека предвремените избори во Србија најверојатно ќе се одржат уште оваа есен, бидејќи посредно ги најавуваат и самите чинители на тамошната власт, пишува во вторникот новосадскиот дневен весник Дневник.Во текстот уште се истакнува дека кажувањата за предвремените парламентарни избори во моментот се пласираат „како закани од Српската напредна партија (СНС) за политичките противници поради тоа што истражувањата на јавното мнение покажале дека рејтингот на партијата на српскиот претседател Томислав Николиќ значително пораснал„А политиката кај повеќето наши (српски) политичари се сведува на желбата за стекнување поголема власт, без оглед на тоа што е јасно дека честите избори чинат скапо и ја забавуваат земјата, го одложуваат решавањето на многуте проблеми“, вели Гоати.Додава дека во Српската напредна партија очигледно сметаат оти новите избори би биле полезни за нив, кога станува збор за дистрибуцијата на моќта, но и кога во прашање се парите од буџетот кој му доаѓа како каса на партијата. „Изборите се многу скапа операција, а во нашиот случај и начин и партиите да дојдат до значителни суми пари. Само еден изборен процес српскиот буџет го чини повеќе до седум милиони евра, колку што државата им дава на партиите за изборната кампања“, нагласува Гоати.Доколку на тоа се додаде и загубеното време, дополнува српскиот аналитичар, таа сума е десеткратно поголема, односно изнесува меѓу 50 и 70 милиони евра.Гоати проценува дека изборите дека парламентарните избори во Србија ќе бидат одржани есенва, во октомври или во ноември 2013 година.Агенцијата за испитување на јавното мнение Фактор во јануари објави анкета според која рејтингот на Српската напредна партија (СНС) расте и владејачката партија имала тогаш поддршка од 36 отсто од граѓаните на Србија, додека за Демократската партија (ДС) се изјасниле 15 отсто од испитаниците, додека за социјалистичката партија на Србија (СПС) на премиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ се определиле 11,8 отсто од српските избирачи.Српската влада на почетокот од февруари се најде во најтешката од август 2012 година, кога е формирана, а судирите и несогласувањата внатре во владејачката коалиција што ја предводи Српската напредна партија, би можела, според пишувањата на српските медиуми, да доведе до предвремени избори чиј датум би зависел од одлуката на Европската унија дали и кога ќе и одреди на Србија датум за почеток на пристапните преговори.Повеќето оцени за причината за кризата во рамките на владејачката коалиција, особено меѓу вицепримиерот и министер за одбрана Александар Вучиќ од СНС и премиерот Ивица Дачиќ од СПС, медиумите и аналитичарите во Србија ја поврзуваат со податоците за наводните средби на Дачиќ со близок соработник на водачот на криминалната група Дарко Шариќ обвинет за трговија со дроги кој е во бегство.Премиерот Дачиќ ги демантираше овие тврдења, истакнувајќи дека за предвремени парламентарни избори нема причина, бидејќи владата е стабилна и единствена, додека претседателот на „народњаците“ и вицепремиер Вучиќ изјави дека во Србија нема да бидат распишани предвремени избори, но дека ќе одговараат сите коишто сториле кривични дела, без разлика на името и функцијата што ја извршуваат. Во Србија сега има поважни работи, порача Вучиќ, иако изборите, како што оценува, во овој момент најмногу би и’ одговарале токму на неговата партија.Српските опозициски партии, инаку, на почетокот од февруари, побараа распуштање на парламентот и распишување вонредни парламентарни избори.
МакфаксСрпскиот политички аналитичар и истовремено претседател на организацијата Транспарентност Србија, Владимир Гоати смета

Пронајдете не на следниве мрежи: