Гоца Тржан во едно интервју за српските медиуми открила дека стравува за својот живот, а причина за тоа е болеста со која се соочува веќе три години.Во емотивната исповед пејачката потенцирала дека во последните неколку месеци морала да се одрече од омилените прехранбени намирници за да го сведе инсулинот на најниско можно ниво.
-Во последните неколку месеци ослабев многу, не консумирам шеќер и леб поради статусот на хормоните и многу сум нервозна. Имам строг режим на исхрана и морам да внимавам ако потоа сакам да одам на вештачко оплодување затоа што имам проблем со дијабетесот. Шеќер и леб никако не консумирам и морам да внимавам на здравјето, рекла Гоца и додала дека нејзината борба со дијабетесот трае веќе три години.
Поради нередовна исхрана и неуреден начин на живот пред три години добив дијабетес, па држев диета. Во меѓувреме малку се придржував до советите на докторите, а малку ги кршев и правилата. Меѓутоа, сега сум баш сериозна што се однесува до тоа и ги почитувам во целост советите на докторите. Поради тоа што внесувам хормони, морам да внимавам на исхраната, затоа што навистина најголема желба ми е повторно да станам мајка и во тоа име спремна сум да жртвувам се”, заклучила Тржан која веќе ја има ќерката Лена.Во емотивната исповед пејачката потенцирала дека во последните неколку месеци морала да се одрече од омилените прехранбени намирници за да го сведе