Гоце Делчев и прашањето за ВОСТАНИЕ!

За време на престојот во Солун ЦК му се пожалил на Гоце од гемиџиите, кон кои тој имал слабост и финансиски ги помагал. Тој побарал од нив да ги одложат акциите за подоцна.Истовремено им донирал 5.000 лева.Кон крајот на јули 1902 год, во куќата на Бојан Биолчев кај Шарениот мост во Софија била одржана средба на која присуствувале: Гоце Делчев, Иван Гарванов, д-р Владимир Руменов, Тома Карајанов, Туше Делеиванов, Нилола Наумов, Лазар Димитров, Атанас Мурџев и Бојан Биолчев. На средбата се дискутирало за барањето на Битолчани за кревање на востание. По спротивставување на д-р Владимир Руменов, Делчев и Карајанов била донесена одлука против кревање на какво и да е востание. Била донесена одлука Лазар Димитров да замине во Битола за да ги смири духовите.
Во ноември 1902 год, нови Задгранични претставници станале Христо Матов и Христо Татарчев. Така преку нив двајцата од надвор и преку Гарванов и Лозанчев од внатре настаните се движеле кон кревање на востание. Во такви услови Гоце Делчев не можел да влијае на настаните.
Прашањето за востание не се нашло на дневен ред ниту на неодржаниот конгрес кој бил закажан за септември 1902 год. На таа средба било одлучено ВМК да не ги форсира настаните, а кога прашањето за востание ке се реши, тој навреме ќе биде известен. Во предвечерјето на Горноџумајското востание, ЗП до ЦК во Солун напишал „дека ако предвидува усложнувањето на ситуацијата и коренити промени на состојбите во нашите дела тогаш не останува ништо друго освен да го забрзаме и засилиме започнато движење“. ЦК, на почетокот не го сметал за опасно и сериозно врховистичкото движење, но веднаш по избувнувањето на Горноџумајското востание, ЦК почнал да се приклонува кон идејата за востание.
Веднаш по доаѓањето во Софија, Матов и Татарчев започнале преговори за помирување со ВМК со цел проширување на востанието. Во 
тоа имале подршка од Гарванов кој инсистирал на помирување по секоја цена. Нивните активности биле следени од Гоце Делчев.
Со вториот циркулар на ЦК на ТМОРО  таканареченото Окружно од 24.12/6.01. 1903 год, бил свикан Солунскиот конгрес за 2/15 јануари 1903 год. со цел разгледување на прашањето за востание. На конгресот бил повикан Гоце Делчев, но со оглед на краткото време неговото присуство не било пожелно. Гоце бил многу изненаден од иницијативата на ЦК .
Конгресот започнал со работа на 2/15 јануари 1903 год. На него учествувале 17 души. Претседател на конгресот бил Иван Гарванов а секретар Димитар Мирчев. Според Протоколот свикувањето на Конгресот и поставувањето на прашањето за востание биле иницирани од: сложената положба во земјата по Горноџумајското востание, опасноста од нови врховистички обиди за востание, опустошување и деморализирање на нови реони, желбата на некои реони за општо советување и „расположението и интересот на европскта дипломатија кон нашето дело“.
Аргументите на Гарванов и иницијативата на Лозанчев, без многу двоумење биле прифатени од повеќето делегати. Единствена опозиција на Конгресот бил серскот делегат Лазар Димитров, кој немајќи друг излез, го прифатил општото мислење и го потпишал Протоколот. Така на 3/16. 01. 1903 год, била изгласана одлуката за востание. Следниот ден било одлучено востанието да биде „повсемесно и стратешко“.
ЗП по добивањето на окружното на ЦК од 24.12.1902/6.01. 1903 год. организирало повеќедневно советување со истакнати дејци на ТМОРО, кои се нашле во Бугарија. Меѓу нив биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Славчо Ковачев, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Сава Михајлов, Димитар Стефанов, Туше Делеиванов, Христо Силјанов, В. Антонов, Никола Наумов и др.Повод за советувањето биле можните последици од Горноџумајското востание и циркуларот на ЦК за можно востание во Македонија.
Советувањето во Софија се реализирало во три сесии.  На првите две присуствувал Гоце Делчев. Средбата се одржала во зградата на дисидентскиот ВМК на Христо Станишев на ул. „ Цар Симеон“ во Софија.  На 06.01.1903 год, Задграничните претставници ја иницирале втората сесија. Таа започнала на 08.01.1903 год, и на неа присуствувале најмалку 20 учесници.
По прашањето за востание се појавиле две групации. Малцинската група била предводена од Христо Матов и Христо Татарчев, која ја подржувала идејата на ЦК за општо востание. Нивен главен аргумент бил: бидејќи врховистите кренале востание, тоа треба да го направи и Организацијата, за да не излезе неспособна да организира востание. Мнозинството предводено од Гоце Делчев и Ѓорче Петров било против општо востание а зад нив застанале сите оние кои биле вклучени во борбата против врховизмот. Настрана од двете гледишта бил Пере Тошев. Полемиката се водела околу карактерот на дејствата.
Ѓорче Петров предлагал да се промени дотогашната тактика на четите и терористичките елементи во градовите. Од пасивно подготвителна да се премине во кон поголема активност со дејства кои постепено ке водат кон востание. Така да дојде до перманентно востание без формално објавување. Со промовирањето на оваа концепција Гоце Делчев и Ѓорче Петров сметале дека приврзаниците на Гарванов нема да успеат.
Михаил Герџиков предлагал иницијатива на терористички акции кои ке ги засегнат османските власти и нивниот капитал. Тој планирал формирање на терористички групи по градовите, кои ке бидат во контакт со ЦК. Овие идеи ги подржувал и Гоце Делчев.
Гоце се залагал за борба со „најголема економија на силите“ , бидејќи не бил баш сигурен дека со предизвикувањето на Османлиите на ограбување и пустошење ке се предизвика вмешување на големите сили. 
Сепак тој се определил за комбинирана примена на четнички дејствија со терористички акции.
Христо Матов сватил дека идејата за перманентно востание исто така води кон востание. Па така се дошло до компромисно решение кое било покриено со терминот „засилени партизански дејствија“.
Не дочекувајќи го крајот на советувањето и резултатот од Конгресот на 7/20.01.1903 год, Гоце Делчев заминал за Македонија за да ја спроведе новата концепција.  Веста за одлуката за востание Гоце ја добил во Неврокопско. Веднаш потоа се договорил со Јане Сандански, Димитар Гуштанов и Пејо Јаворов да вложат напори за отфрлање на Солунското решение. За таа цел било организирано февруарското советување на Серскиот округ во Серско, Демирхисарско и Неврокопско, каде Гоце едно време престојувал во пештерата Али Ботуш. Во овој период весникот          „Слобода или смрт“ уредувано од Пеју Јаворов ги изразувал погледите на Гоце за поданимични борбени дејствија.
Гоце Делчев го срушил железничкиот мост кај реката Ангиста. Во овој период кај него стигнала веста за излегувањето на Даме Груев од затвор. Поради тоа Гоце заминал за Солун за да се сретне со Даме. Средбата меѓу Гоце и Даме се одржала во предвечерјето на Солунските атентати.
Донесената одлука за востание Даме ја прифатил како свршена работа. Притоа на ова средба Гоце приговарал дека Серскиот санџак не е доволно вооружан а Даме го утешил дека ќе се достави потребното оружје. Притоа се договориле востанието да има четничко-партизански карактер и да се одложи за подоцна. За таа цел Даме требало да го свика Конгресот на Битолскиот округ, а Гоце на Серскиот округ 
За време на престојот во Солун ЦК му се пожалил на Гоце од гемиџиите, кон кои тој имал слабост и финансиски ги помагал. Тој побарал од нив да ги одложат акциите за подоцна.Истовремено им донирал 5.000 лева.Кон крајот на јули 1902 год, во куќата на Бојан Биолчев кај Шарениот мост во Софија била одржана средба на која присуствувале: Гоце Делчев, Иван Га

Пронајдете не на следниве мрежи: