„Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и Организацијата. Тоа е првиот услов за нашиот успех. Ако тоа не го направиме, Македонија ќе падне под некоја од балканските држави или ќе биде разделена помеѓу нив“. Ова се зборови на еден од апостолите на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев.Човекот што го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите и кој сметаше дека никој не пострадал повеќе од предавствата на своите како Македонците, ќе остане запаметен и како бескомпромисен противник на какво било мешање на надворешен фактор во ослободителното дело на македонскиот народ.
Денес таквите против какви се борел Делчев си дозволија да говорат во негово име. Па, така, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од Делчево ќе порача: „Делчев зборуваше дека делото на ослободувањето на еден народ е пред с` негово сопствено дело на неговите сопствени рацете“.
Замислете, Заев говори дека делото на ослободувањето на еден народ треба да е дело на неговите раце, а токму тој не само што ја вмеша меѓународна заедница да ја решава внатрешната криза што ја создаде туку почна да дава ветувања со кои, без сомнеж, има намера да ја докрајчи Македонија за која големите револуционери како Делчев се бореле.
Заев, кој кажа дека не му личи да биде патриот, кој говореше дека го подготвуваат повисоките од надвор, кој му велеше на Груевски дека од странски служби му биле дадени прислушуваните разговори, кој изјави дека името треба да ја отсликува мултикултурата, чија програма ако се спроведе ќе доведе до федерализација, кој сака да прави од Македонија „Швајцарија на Балканот“ и ред други работи, токму тој си дозволи да зборува во името на Делчев.
Во името на оној што загина за Македонија. За државата во која Заев сака да воведе двојазичност. Да ги натера Македонците уште од градинка да почнат да учат албански. Ќе цитирам еден млад човек, кој на „Фејсбук“ напиша: „Од СДСМ ми кажуваат 100 причини зошто да не гласам за ВМРО- ДПМНЕ, но ми дадоа една причина зошто да не гласам за нив – не сакам моите деца да учат албански“.
За Заев, таквите како овој млад човек се грди.
Но, затоа му е симпатичен Муса Љамалари, претседател на албанската дијаспора од Македонија. Тој во Заев гледа спасител на Албанците. Kога македонски политичар говори дека Рамковниот треба да се прошири, кога се залага за двојазичност и повеќе права на Албанците, многу логично е албанските партии да истапат со порадикални барања. А проект за федерализација веќе има. Пред неколку месеци го промовира Питер Фејт. А за сето ова немаше да говориме ако Заев не се испазари зад наш грб со државните и националните интереси надевајќи се дека со албанските гласови ќе дојде на власт.
И како по с` што стори и планира да стори Заев, има образ да го спомнува Гоце Делчев. Повеќе му приличи да говори во името на Хасан Приштина, оти идеалот на Заев не се разликува од идеалите на албанските херои.
А неговото дејствување им оди во прилог на оние што мечтаат за голема Албанија. Деновиве во Тирана беше постигнат договор за формирање унија на албанските општини во регионот. Градоначалниците на Тирана, Тетово, Приштина, Улцињ и Прешево ја одржале првата официјална средба на која е постигнат и официјализиран договорот за формирање на унијата. Многумина ова го протолкуваа како почеток на реализирање на голема Албанија. Но, јасно е дека оваа идеја не може да се реализира ако не биде помогната од некоја голема сила, односно САД. Во САД, пак, се очекуваат промени по победата на Трамп. Промени се очекуваат и во американската политика на Балканот, а надежта е дека Трамп би се спротивставил на идејата сите Албанци во една држава.
Патем, едно прашање до Заев: Нека објасни како секој во оваа држава ќе зема 500 евра плата кога тој најави бркање од чистачка до директор ако дојде на власт, потоа најави дека ќе ги смени сите судии, најави демонтирање на режимот, а тоа би требало да значи бркање од работа на сите примени во десетте години колку што владее ВМРО- ДПМНЕ?
Што значи замена на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ со кадри на СДСМ и многу луѓе оставени на улица. За членовите на СДСМ ли говореше дека ќе имаат плата 500 евра во 2020 година?Човекот што го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите и кој сметаше дека никој не пострадал повеќе од предавствата на своит