Единствениот Google партнер во Македонија – Goclick, го прославува својот втор роденден. За роденденот Ви подаруваат ваучер од 30€ за маркетинг кампања на Google! По тој повод направивме кратко интервју со коосновачот и генерален менаџер на Goclick Makedonija – Александра Лелов.Пулс24: Ве познаваат како девојката која го донесе Google во Македонија. Што конкретно значи тоа и каква е Вашата улога во целата приказна?
Со основање на компанијата Goclick Makedonija во 2013, на македонскиот пазар конечно се појави маркетинг агенција која е сертифициран Google партнер. До ден денес, Goclick остана единствен Google партнер во Македонија.
Пулс24: Што значи да си партнер на Google?
Тоа значи дека сме лиценцирана маркетинг агенција која ги поседува сите Google сертификати. Ова во превод значи дека сме постојано во тек со трендовите и новостите од областа, а преку полагање на испитите ги добиваме сите потребни Google сетрификати. Називот Google партнер ни овозможува директна поддршка од Даблин, каде што се наоѓа седиштето на Google Europe, односно од Загреб каде е седиштето на Google Adriatic.
Пулс24: Каква е моменталната ситуација во Македонија во полето на интернет маркетиг?
Од почетокот на нашето работење па до сега, забележавме дека свеста за важноста на интернет маркетингот е сѐ поголема. Во тоа значително придонесоа и двете конференции кои ги организиравме заедно со Google и Стопанска Комора на Македонија. Целта на конференциите беше да се подигне свеста за потенцијалот што го нуди интернет маркетингот и да ги едуцираме сопствениците и маркетинг менаџерите на фирмите. Порано важеше поговорката дека половина од парите вложени во маркетинг се изгубени пари, но никогаш не се знаеше кои се изгубените пари. Кај интернет маркетингот ситуацијата е комплетно различна. Тука сѐ е мерливо. Кога се вложува во интернет маркетинг, точно се знае секој денар за што и како е потрошен.
Пулс24: Која е најатрактивна алатка за интернет маркетинг во моментот?
Во Македонија, Facebook сѐ уште е број еден медиум за огласување, меѓутоа откако Македонија доби свој домен на YouTube забележавме дека YouTube видео огласувањето стана многу атрактивно, имајќи во предвид дека се постигнуваат најдобри резултати во моментов. Исто така, сѐ повеќе компании се одлучуваат за користење на Google Remarketing.
Пулс24: Која е причината поради која позиционирањето на Google AdWords не функционира како во другите држави?
Тоа е доста сложено прашање затоа што само закупот на клучни зборови не гарантира дека ќе се прикаже огласот. Првичниот и најголем проблем се застарените и неоптимизирани веб страници на македонските фирми. Исто така, сличноста помеѓу нашиот јазик и соседните јазици како српски и бугарски, е причина резултатите од пребарувањата да содржат српски и бугарски компании наместо македонски. Точно поради сите тие причини е многу важно македонските компании да се позиционираат на Google за да се прикажуваат пред конкуренцијата наместо да остануваат незабележани на интернет.
Пулс24: Во море од маркетинг агенции во Македонија, што ве издвојува?
Како прво и основно, Goclick се издвојува поради фактот што е единствен лиценциран партнер на Google во Македонија. Тоа значи дека нашето знаење и екпертиза се потврдени со Google сертификати. Основата секако е сертификатот за AdWords или позиционирање на Google. Исто така, поседуваме сертификат за Google Display вклучително и сертификат за YouTube напредно видео огласување и сертификат за Google Analytics. Сите овие сертификати го потврдуваат нашето знаење. Заради тоа можеме на нашите клиенти да им понудиме целокупен сервис зависно од целта на кампањата кој на крај дава најдобри резултати затоа што кругот целосно се затвора.
Пулс24: И за крај нешто повеќе во врска со ваучерот кој го подарувате по повод вториот роденден на Goclick. Кога, како и за што може да се искористи?
Како што и Вие веќе напоменавте, доделуваме ваучери за огласување на Google. Ваучерите се наменети за сите компании кои до сега немаат влезено во светот на Google. Со тоа ги охрабруваме да ги искусат бенефитите кои Google огласувањето ги нуди. Ваучерот може да се искористи за позиционирање на Google пребарувачот, како и за банерско огласување во најголемата мрежа на портали во светот – Google Display Network како и за YouTube напредно видео огласување. Вредноста на ваучерот е 30€. Сѐ што треба компаниите да направат е да нѐ контактираат и да одлучиме како ќе го искористиме истиот.
Пулс24: Ве познаваат како девојката која го донесе Google во Македонија. Што конкретно значи тоа и каква е Вашата улога во целата приказна?