ГОДИНА ДЕНА ЗАТВОР затоа што гледала машки одбојкари!

Млада Британка со иранско потекло Гончех Гавами е уапсена во Техеран затоа што сакала да гледа машки одбојкарски натпревар и осудена на една година затвор поради „пропаганда против режимот“.Пресудата се уште не е официјално врачена, но судијата ми ја покажа. Во неа пишува дека казната е една година затвор, рекол адвокатот на девојката чија изјава ја пренеле иранските медуми.
„Бидејќи претходно не е осудувана, судот би можел да и ја намали казната“, додал нејзиниот бранител.
Лондон изразил „загриженост“ поради одлуката на судот.
„Се прашуваме кои се мотивите за процесот, праведност за процесот и условите во затворот на уапсената“, рекол портпаролот на Форин офисот.
25-годишната девојка е приведена на 20 јуни кога присуствувала на собир на жени кои во Техеран сакале да гледаат натпревар од Светското Првенство во одбојка за мажи меѓу Италија и Иран. Пуштена била за неколку часа, но потоа повторно била приведена.
По 126 дена во затвор, младата жена во октомври две недели одбивала храна во знак на протест против притворањето и неводењето на процесот.  Шефот на полицијата, генерал Есмаил Ахамди Могадам во јуни изјавил дека полицијата не може да им дозволи на жените присуство на стадионите затоа што мешана публика на стадионите не е од општ интерес.Пресудата се уште не е официјално врачена, но судијата ми ја покажа. Во неа пишува дека казната е една година затвор, рекол адвокатот на девојката

Пронајдете не на следниве мрежи: