Атлантик Група во 2016. година оствари приходи од продажба од 678.1 милиони евра што во однос на 2015 година претставува пад од 5,5 проценти. Падот на продажбата е условен од прекинот на соработката со најголемиот купувач на приватна трговска марка во сегментот Спортска и активна исхрана и девалвација на руската рубља и српскиот динар. Доколку се одземат наведените ефекти, приходите од продажбата останаа на минатогодишното ниво. Оперативниот профит пред камата, даноци и амортизација (EBITDA) изнесува 63 милиони евра и е помал за 16,4 проценти како резултат на најавените вложувања во развој на дистрибуцијата на сопствени брендови во Германија и Австрија. Нето добивката по малцинските интереси остварена во минатата година изнесува 21.6 милиони евра.Брендовите на компанијата во ТОП 10 најсилни трговски марки во ЈИЕ регионот
„Во 2016. година Атлантик Група основаше компании за дистрибуција во Германија и Австрија со цел пласман на целни производи со најголем меѓународен потенцијал на овие пазари. Покрај имплементацијата на стратегијата за интернационализација на работењето, продолживме со успешно реструктуирање на областите за Спортска и активна исхрана со поедноставување на рецептурите и производното портфолио. Исто така, преку договори со новите принципали, ги проширивме дистрибутивните активности на регионалните пазари и продолживме активно да ги развиваме сопствените брендови, за што најдобро сведочи последното истражување на независната агенција Валикон според кое четири сопствени брендови на Атлантик Група (Цедевита, Аргета, Смоки и Кокта) се позиционирани помеѓу ТОП 10. брендови на пет најголеми регионални пазари”, изјави претседателот на Управата на Атлантик Група Емил Тедески.
Треба да се додаде и дека гледано по поединечни држави, брендовите на Атлантик Група се водечки во три земји – Аргета е најсилен бренд во БиХ и Македонија, а во Словенија најсилен бренд е Баркафе.
Бим Сантори и Ноко нови принципали
Покрај вложувањето во дистрибутивните капацитети во западна Европа, Атлантик продолжи да ја развива дистрибуцијата со нови принципали во регионот (Бим Сантори за пазарите Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и Албанија) како и на запад (шведскиот Ноко). Во текот на 2016 година, Атлантик Група се фокусираше на реструктуирање на областа Спортска и активна исхрана и годината ја заврши со значително поефикасен бизнис модел кој подразбира помал број на производи со поголема профитабилност, додека во областа на производство за приватни трговски марки договори соработка со нов партнер и продолжи со развој на нови производи и преговори со нови потенцијални партнери.
Успешно рефинансирање
Исто така, Атлантик со ЕБОР и четири партнерски банки (Erste, Raiffeisen, Sberbank и Unicredit) и Меѓународната финансиска корпорација (IFC) договори поволни финансиски услови за кредитен пакет во вредност од 191,5 милиони евра со продолжен рок на достасување и оствари и успешно издавање на корпоративни обврзници. Атлантик Група во 2016. година освои признанија за најдобро корпоративно управување во Хрватска како и за транспарентност во односите со инвеститорите, н ЗСЕ е компанија која по четврти пат е наградена со прво место, а на меѓународната конференција на Белградската берза со сребро.
Најголем раст во категоријата деликатесни намази
За целокупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група најмногу придонесоа Стратешката бизнис област Деликатесни намази со раст од 9,4 проценти, Стратешката бизнис област Здравје и нега со раст од 5,4 проценти, Стратешката бизнис област Слатко и солено со раст од 3,1 проценти и Дистрибутивната област Хрватска со раст од 2,2 проценти. Кафето со 20,8 процентен удел во вкупните приходи од продажбата се истакнува како најголема поединечна категорија со 1,063 милијарди куни приходи од продажба.
Најголем раст во Хрватска и Босна и Херцеговина
Гледано по пазари, најголем раст од 4,4 проценти е остварен на хрватскиот пазар, кој со удел од 28,8 проценти во вкупниот приход е најголем пазар на Атлантик Група и пазарот БиХ кој порасна за 3,9 проценти и има удел од 7,8 проценти во вкупниот приход. Сопствените трговски марки на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 67,8 проценти, дистрибуцијата на производи на трговски марки од принципалите со 21,4 проценти, фармацевтскиот ланец Фармација со 7,1 проценти додека рпоизводите кои Атлантик Група ги произведува како приватни трговски марки за големите ланци во земјите и странство учествуваат во вкупниот приход од продажбата со 3,7 проценти.Брендовите на компанијата во ТОП 10 најсилни трговски марки во ЈИЕ регионот