Годината на раѓање открива кој грип е опасен за вас

Научниците дојдоа до нови откритија околу грипот, вирусите и имунитетот.Откритието е дека вашата година на раѓање укажува на тоа колку сте под ризик, односно кој грип може да биде опасен за вас. Изгледа дека првиот грип што сте го имале во детството може да обезбеди заштита против слични инфекции до крајот на животот.
Во објавеното истражување научниците испитале два опасни видови на птичјиот грип, H5N1 и H7N9. Интересно е дека ги има кај животните, но денес кај луѓето се многу поретки.
Откриени се само 1500 случаи, и тоа кај жителите на Азија и на Блискиот Исток.
Научниците откриле уште нешто интересно. Промената на вирусот се случила во 1968 година со пандемијата на грип во Хонг Конг кога новиот вид го избришал вирусот што до тогаш доминирал.
Луѓето родени пред 1986 годдина, кои веројатно биле изложени на вирусот на грип како деца, научниците ги ставиле во група 1. Како возразни, овие луѓе имаат мала шанса сериозно да се разболат или да умрат од вирусот H5N1 што припаѓа на групата 1. Но, затоа се разболувале од вирусот H7N9, од групата 2. Луѓето родени по 1986 година, веројато биле изложени на вирусот од групата 2 и покажале спротивен тренд.
Научниците доаѓаат до заклучокот дека грипот што сме го добиле во детството дава силна заштита од сериозни инфекции или смрт за една од овие два главни видови на грип.
Имаме и добри вести.
Ако сте родени непосредно по 1977 година, можно е да имате добра заштита од двата видови на грип, бидејќи во крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години и двата видови биле актуелни.
Научниците инаку мислат дека токму заради ваквиот процес многу млади луѓе починале за време на пандемијата на шпанската грозница од 1918 до 1919 гдина. Половина од 50 милиони болни ширум светот од 20 до 40 години починале.
Шпанскиот грип го предизвикал вирусот на грипот од групата 1, а тогаш младите луѓе на себе носеле заштита од вирусот од групата 2 бидејќи на него биле изложени како деца, и затоа биле посебно чувствителни на вирусот што го предизвикал овој грип.Откритието е дека вашата година на раѓање укажува на тоа колку сте под ризик, односно кој грип може да биде опасен за вас. Изгледа дека првиот грип

Пронајдете не на следниве мрежи: