Изминативе неколку години цените на лековите во Македонија беа повеќе пати намалувани, а заштедите останаа во џебот на граѓаните.Досега 7400 лекови имаа намалување на цените, а заштедата на граѓаните изнесува 33 милиони евра.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, потенцира дека оваа година ќе има уште две намалувања на цените на лековите, а кон крајот на месец март ќе биде познато кои лекови и за колку ќе бидат намалени.
-Тоа е уште една мерка која дава одлични резултати и покажува една сериозна разлика помеѓу владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и владата која беше предводена од СДСМ. Во нивно време постојано се зголемуваа цените на лековите и тогаш во Македонија имаше едни од најскапите лекови во Европа, што беше терет на грбот на граѓаните, а во корист на неколку поединци блиски до тогашната власт. Сега работите одат обратно, цените постојано се намалуваат, секоја година имаме нови намалувања. Како што се завршуваат пресметките за тоа кај кој лек може да се најде простор за симнување на цената, а притоа да не стане неисплатлив за увозникот или производителот тој да се носи во Македонија, на две тури во годината практични се врши намалување на цената на лековите, истакна Груевски.
Груевски потенцира дека кон крајот на март ќе се случи првото намалување на цената на лековите годинава, а во текот на годината уште едно намалување.Досега 7400 лекови имаа намалување на цените, а заштедата на граѓаните изнесува 33 милиони евра.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по