Крајот на февруари се очекува да донесе повисоки температури кои во последната недела би можело да достигнат и 15 степени.Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.
Од сабота кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушнa маса, што ќе услови во следните два дена врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет.
Студената маса ќе ги намали температурите но тоа се уште ќе биде далеку од она на што сме навикнати на средината и крајот од јануари. Ретко кога дневните температури ќе бидат во негатива, а освен врнежи од дожд во Скопје снег најверојатно нема да има. Утринските тмператури најниско ќе се спуштаат до минус 8 а дневните најниско ќе бидат околу 1 степен.
Таквото време, според сегашната состојба нема да трае долго.
Речи си идентично ќе биде и во февруари. Од време на време ќе се создадат услови за снег но со оглед на дневните температури кои кон средината на месецот ќе доаѓаат и до 10 степени, не би требало да се очекува снежна покривка.
Крајот на февруари се очекува да донесе повисоки температури кои во последната недела би можело да достигнат и 15 степени.
Долгорочните прогнози велат дека март ќе биде во рамките на просекот, па дури и потопло.
Во овој месец мраз нема да има а дневните температури ќе достигнуваат и над 20 степени. Се разбира, долгорочните прогнози даваат само ориентација за условите кои би можеле да не очекуваат, а секогаш е можно, некоја студена воздушна маса да донесе изненадување.Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.
Од сабота кон крајот на де